Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Се уште не е утврдена локацијата за новиот Клинички центар

0
By Нова ТВ on November 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 8, 2018 15:22

Локацијата каде ќе се гради новиот Клинички центар се уште не е утврдена, потврди денеска премиерот Зоран Заев.  Тој нагласи дека три или четири локации се во опција кои ќе дадат најбрза и динамична изведба на новиот Клинички центар.

Се работи за проект од 450 милиони евра, премиерот Заев информира дека владината комисија ги одржала неопходните седници. Верува дека во наредниот период, до крајот на ноември, ќе се одржи дебата и во Парламентот за да почне носењето одлуки.

– Постојат локации во рамки на ГУП на Град Скопје, таа која ја објавивме кога ја укинавме локацијата на стариот клинички центар. Постои локација во Петровец, во Ѓорче Петров и уште една четврта локација. Денеска архитектите и инженерите утврдуваат која локација е најсоодветна, да биде сто отсто на Република Македонија, да има урбанизам, да не биде мочурливо земјиште за да можеме брзо да стартуваме. Верувам дека во 2019 година, уште на почетокот ќе можеме да распишеме тендер за избор на изведувач, а некаде до крајот на 2019 да почнеме со изградба на клиничкиот центар, рече Заев.

Амбициозни се плановите, нагласи тој, а опозицијата тврди дека до крајот на мандатот нема да можеме да ставиме темели.

– Верувам дека ако заедно работиме, можеме да успееме и во тоа, рече Заев.

Прашан за Фондот за лекување во странство на лица до 18 години, кој го ветувале во предизборната кампања, Заев рече дека овој Фондот постои и досега нема вратено дете. Самиот овој Фонд, како што нагласи, не дозволува ниту едно детенце да биде вратено за лекување и посочи дека некогаш родителите не сакаат лекување дома, туку сакаат во странство.

– Ние сме успешни. На Хематологија лечењето на леукемија дава успешни резултатати. Капацитетите се зголемени. Сето тоа значи ако трошиме од 120 до 200.000 евра за лекување во странство, овде истото тоа многу успешно, некогаш и многу поуспешно поради тоа што родителите се овде, до дечињата. Тоа во странство не е секогаш така. Овозможуваме тоа да го направиме со 50 или 70.000 евра. Сите тие пари остануваат во здравството за да се помогне и да се зголемат домашните капацитети. Секое дете во Македонија е гарантирано со здравствена заштита, за дома или за лечење во странство, рече Заев.

Премиерот информира дека работат на враќање на довербата кај родителите во македонксиот здравствен систем. Замолуваат родители кои го искусиле практичното искуство дома, да зборуваат за тоа, како нивни лични примери.

– Јас ги знам дечињата по имиња. Целосно сме посветени. Секое детенце кое е низ процедурите, се вклучувам директно и јас, не само министерот за здравство, не само директорот на Фондот за здравство, не само лекарите кои даваат конзилијарни мислења. Следиме се што се случува во Македонија, но мораме да ја јакнеме довербата во домашното здравство. Тоа го правиме секако со создавање услови дома, со сите инвестиции кои се случуваат во клиниките, рече Заев, додавајќи дека се работи интензивно, голем дел од нив се целосно модернизирани, опремата континуирано се набавува.  Тој изрази надеж дека ќе ги мотивираат медицинските сестри и лекарите ако го заокружат буџетот онака како што планираат.

Вака создадените услови, како што рече, мора да генерираат доверба на граѓаните, а сите ние сме потенцијални пациенти, кон домашното здравство, кон лекарите, медицинскиот персонал и севкупното здравство во Македонија

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 8, 2026

25 години од погибијата на десет армиски резервисти кај Карпалак чиј конвој кукавички беше нападнат од заседа

ВЕСТИ August 8, 2026

Дваесет и пет години од загинувањето на десетте прилепски резервисти кај Карпалак беа одбележани со…

Иран постави шест услови за САД за да го отворат Ормутскиот теснец

August 8, 2026

Триста илјади жртви на злоупотреба во француските цркви

August 7, 2026

Јаневска: Во септември ќе има 4.900 првачиња помалку од лани

August 6, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.