Срцето на македонскиот исток останува во сигурни раце, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев честитајќи му ја победата Сашко Николов, кандидатот за градоначалник на СДСМ за Штип.
Според него, денешните избори биле безбедни по здравјето, а гласачите му испратиле порака и на бојкотирачите на изборите, ВМРО-ДПМНЕ.
По гласањето се обрати и генералниот секетар на партијата, кој рече дека истокот станал бастион на социјалдемократијата.
Николов пак рече дека и покрај опструкциите кои ги имале во предизборниот период од страна на ВМРО-ДПМНЕ, сепак не успеале во нивните обиди. Тој рече дека сега има обврска да обезбеди рамноправност, грижа и поддршка за секој граѓанин.
-Денот го поминавме седејќи на кафе и тоа покажува дека Штип е демократски град, рече Николов.