Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев : Штитејќи го културното наследство го јакнеме нашиот идентитет

1
By Нова ТВ on July 15, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со Заменик на Претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министрите за култура, за комуникации, отчетност и транспарентност и за дијаспора, Асаф Адеми, Роберт Поповски и Едмонд Адеми, како и со заменик – министерот за локална самоуправа Дејан Павлески и со Националниот координатор за развој на културата Роберт Алаѓозовски, денеска присуствуваше на 45-тата Галичка свадба.

Искажувајќи го своето задоволство поради можноста да биде покровител на овогодинешната Галичка свадба, Премиерот Заев истакна дека Владата ќе продолжи да ја негува македонската традиција.

„Пред само неколку дена во Брисел бев посебно горд на поканата која ја добивме за членство во НАТО. Денеска сум посебно горд на нашата историја, нашето културно историско наследство кое го славиме со векови наназад и така ќе продолжиме во иднина. Нашето културно наследство е наша гордост. Штитејќи го културното наследство, го јакнеме и нашиот идентитет“, рече Премиерот Заев.

Тој се заблагодари за можноста да биде покровител на манифестација позната ширум светот. Галичката свадба повеќе од 4 децении како културна манифестација ги негува свадбарските обичаи и ритуали на жителите од овој крај. Во себе ги чува изворните песни и ора, како и надалеку познатата галичка носија. Изработена со филигранска прецизност на терзиите, во колоритот на носијата е врежан печатот на вековните македонски традиции.

Инаку во мај годинава, престижниот магазин „Њујорк тајмс“, Галичката свадба ја вброи меѓу 9-те најдобри фестивали во Европа. На оваа листа покрај од Македонија, се наоѓаат фестивали од Шведска, Шпанија, Германија, Шкотска, Чешка, Италија и два фестивали во Франција.

Оваа значајна културна манифестација повеќе од 4 децении ги негува свадбарските обичаи и ритуали на жителите од мијачкиот крај. Во исто време, ја зачувува автентичноста на изворните песни и ора, како и надалеку познатата галичка носија на која е врежан печатот на вековните македонски традиции.

„Почитувани пријатели, ја градиме Македонија како едно општество, како едно семејство за сите. Тоа е промена за трајна придобивка којашто од Македонија ќе направи земја со која сите ќе се гордееме“, додаде Премиерот Заев.

Тој на овогодинешните младенци на Галичката свадба, Тања Лепчевска и Златко Димовски им посака среќа, бериќет и  брак исполнет со многу деца.

Галичката свадба секоја година се одржува на „Петровден“, односно за време на викендот кој е најблиску до овој празник. Манифестацијата, традиционално, започнува в петок. Низата свадбени обичаи кулминираат денеска, со венчавањето на младоженците во црквата „Св. Петар и Павле“, како и со изведбата на невестинското и други ора.  Во минатото на Петровден во ист ден се правеле повеќе од 60 свадби.

Меѓу гостите на овогодинешната, 45-та Галичка свадба, беа и амбасадорите на неколку земји во Република Македонија. Оваа значајна културна манифестација ја следеа повеќе од три илјади луѓе од земјава, но и од странство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.