Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев со амбасадорите од ЕУ: Приоритети евроинтеграцијата и реформи на целото општество

0
By Нова ТВ on September 3, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев придружуван од вицепремиерот за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, шефот на дипломатијата Бујар Османи, министерот за правда Бојан Маричиќ и државните секретари Калина Габер од Секретаријатот за европски прашања и Зоран Попов од Министерството за надворешни работи, денеска одржаа утринска брифинг средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во нашата држава, соопшти владината прес-служба.

На брифингот премиерот Заев во име на Владата ги презентираше стратешките приоритети во следниот четиригодишен мандат со посебен осврт на евроатланските интеграции на земјата.

Заев рече дека изминатиот мандат на Владата направи комплетен пресврт во надворешната политика на земјата, отворање и решавање на децениските спорови со соседите, членство во НАТО и го отпочна трансформацискиот процес за приклучување кон ЕУ.

– Овој мандат ќе биде посветен кон темелни реформи на целото општество. Свесни сме за предизвиците кои корона кризата ги носи, но сепак ќе останеме целосно фокусирани на реформите во правосудството, градење на нова трансформирана економија, заштита на животната средина и подобрување на животниот стандард на сите категории на граѓани во нашата земја.

Имаме план за отворање на 80% поглавја до 2024, да доизградиме силна преговарачка структура со учество на сите чинители, креирање на буџетски програми за преговори со ЕУ. Ја зајакнуваме кадровска екипираност и ќе продолжиме да обезбедуваме поддршка за капацитети за имплементација на ИПА 3, изјави Заев.

Вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски пред амбасадорите ги презентираше приоритетите на неговиот кабинет.

– Во овој мандат, ја воспоставивме оваа позиција затоа што сметавме дека е потребно да имаме директен линк помеѓу Комисијата за спречување на корупција со извршната власт според препораките на ГРЕКО од март 2019 година. Дополнително приоритет на мојот кабинет ќе биде одржлив развој и човечките ресурси. Мора да направиме чекор напред кон подобрување на образованието, животната средина, здравството но и бизнис климата за сите граѓани на нашата држава, рече Николовски.

Новиот министер за надворешни работи Бујар Османи ги претстави трите клучни приоритети на надворешната политика на земјата кои соодветствуваат со стратешките амбиции за засилена европска и евроатланска интеграција.

– Првиот фокус ни е секако почетокот на преговорите со ЕУ, како клучен чекор во остварувањето на нашата стратешка амбиција, полноправно членство во Унијата. Во овој дел секако очекуваме континуитет на поддршката и од нашиот стратешки партнер, САД и на останатите НАТО сојузници, кои се и наши долгогодишни поддржувачи од секој аспект. Секако, во сличен контекст очекувам да оствариме не само континуитет, туку и засилена активност во продлабочување и унапредување на добрососедските односи, засилување на мултилатерализмот и придонес во имплементацијата на сите регионални иницијативи“, посочи Османи.

Министерот за правда Бојан Маричиќ истакна дека одлуката за почеток на преговорите најмногу говори за нашата посветеност за правда и европеизација.

– Заедно со нашите партнери ќе утврдиме модел кој ќе обезбеди ефикасно и објективно прочистување на судството. Потребен е ефикасен правосуден систем кој ќе обезбеди брза борба против корупцијата со целосно почитување на човековите права. Со поддршка на нашите европски партнери ќе обезбедиме и мониторинг на судските процеси, рече Маричиќ.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар во име на Европската Унија ги пренесе очекувањата за брзи и квалитетни реформи, но и посочи дека европските партнери на Северна Македонија остануваат доследно посветени на помош за земјата во пребродување на последиците кои настанаа од корона кризата и реформските зафати на новата Влада.

Амбасадорите ги пренесоа и честитките на нивните влади, како и очекувањата за понатамошна интензивна соработка како на билатерално, така и на мултилатерално ниво.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
ФОКУС

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

ВЕСТИ October 9, 2025

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, што се одржува во Скопјe од 8 до…

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

October 8, 2025

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.