Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Со фер и демократски избори, претседател ќе биде кандидатот на СДСМ

0
By Нова ТВ on January 25, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 25, 2014 15:26


Во македонскиот парламент беше донесен Изборен законик во кој се содржани значителни промени. Со целосно почитување на законот, овие промени во голема мера треба да придонесат кон создавање на услови за одржување на престојните претседателски избори во фер и демократска атмосфера, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев.

Спред него, издржаните аргументи на неговата партија се причина власта да ги прифати клучните барања кои кореспондираат со препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

Тој напомена дека овој договорен текст преточен во законска регулатива доколку не се примени во пракса, нема да има посебно значење, и вели на потег е власта која само со целосна примена на овој закон може да гарантира услови за одржување на фер и демократски избори, а секое непочитување или заобиколување на законот ќе значи нефер, нечесни и недемократски избори.

Новините во изборниот законик се следните:

– Секој оној што ќе исплати социјална помош, субвенции, плати, пензии или било какви еднократни или едногодишни трансфери од буџетски средства или од било кои јавни фондови, од распишување на изборите до нивното завршување, ќе одговара со казна затвор од 3 до 5 години.

– Сите буџетски исплати во текот на изборниот процес мора да бидат јавно објавувани во посебна база за буџетски трошоци.

– Со казна затвор од 6 месеци до една година ќе се соочи секој оној кој ќе организира јавен настап по повод започнување на изградба или пуштање во употреба на објекти со средства од буџетот, од јавните фондови или со средства на јавни претпријатија.

– Истото важи и за организирање на јавен настап по повод започнување на изградба или пуштање во употреба на објекти од средства на други правни лица што располагаат со државен капитал, во инфраструктурата, како патишта, водоводи, далноводи, канализација, спортски игралишта и други објекти или објекти за општествени дејности, училишта, градинки и други објекти.

– Не е дозволена ниту прес конференција за ваков вид на активност 40 дена пред денот на избори.

– Под забрана за одржување на јавни настани не се подразбира давање на јавна изјава на носител на јавна функција или кандидат за носител на јавна функција на митинг, интервју на медиум, дебата на медиум, или одговор на новинарско прашање.

– Владата на Република Македонија две недели по распишување на изборите е должна да поднесе предизборен финансиски извештај.

– Со казна затвор од најмалку 5 години ќе се казни и тој што со употреба на сила, сериозна закана, со искористување на службена, работна или економска зависност, и на друг начин, ќе издејствува некој друг да каже дали гласал или како гласал.

– Тој што со употреба на сила, сериозна закана, или на друг начин ќе спречи или друг ќе присили да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право ќе се казни со затвор од најмалку 3 години.

– Тој што на лице со избирачко право му нуди, дава или ветува подарок, или друга корист, со намера да го придобие да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право ќе се казни со затвор од најмалку 5 години.

– Со казна од 5 години затвор ќе се казни и лице со избирачко право кое ќе бара за себе подарок или друга корист за да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право.

– Сите граѓани кои се во странство, а кои не доставиле пријава во Државно конзуларно претставништво, ќе бидат запишани во посебен извод од избирачкиот список. Со тоа, сите претставници на политичките партии во избирачките одбори однапред ќе знаат кои граѓани се во странство, а сепак се вратиле во државата да го искористат своето избирачко право.

– Ограничени се донациите на политичките партии од сите правни субјекти вклучувајќи ги и донациите од медиумите до 50.000 евра.

– За време на изборната кампања МРТ е должна да обезбеди рамноправен пристап во информативната програма.

При тоа:

Една третина од времето МРТВ треба да емитува за дневните настани од земјата и светот, една третина од времето за активностите од кампањата на политичките партии на власт и една третина од времето за активностите на политичките партии во опозиција.

Бесплатно политичко претставување на телевизиските програмски сервиси на Јавниот радиодифузен сервис треба да се емитува во период од 16:00 до 23:00 часот.

На програмскиот сервис наменет за емитување на активностите на Собранието на РМ, во времетраење од по 3 часа, треба да се емитува бесплатно политичко претставување на политичките партии на власт и политичките партии во опозиција.

Советот за радиодифузија доколку утврди прекршување на одредбите за избалансирано покривање на изборите од страна на Јавниот радиодифузен сервис, ќе покрене предлог за покренување на постапка за разрешување на директорот на Јавниот сервис.

Наместо спрејот и УВ ламбата како новина се воведува видливото мастило.

Прашањето за гласањето на дијаспората и неопходниот процент на излезност е договорено да се реши пред парламентарните избори. За претседателските избори останува како што е и досега во законското решение..

-Ја информираме јавноста дека на последниот Извршен одбор СДСМ донесе одлука за формирање на посебен вид комисии кои ги нарековме Мониторинг комисии за практична реализација на изборниот законик, рече Заев. Во секоја општина, и на ниво на централа, ќе се формираат комисии од по најмалку тројца правници кои ќе имаат задача исклучиво да го надгледуваат практичното спроведување на изборниот законик и доколку е потребно да процесираат кривични пријави за прекршителите.

Тој вели СДСМ ќе стори се што е во нивни домен како опозиција, да придонесат во создавањето на услови за фер и демократски избори, и доколку следните претседателски избори се чесни, фер и демократски, идниот претседател на Република Македонија ќе биде кандидатот за претседател предложен од СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.