Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев со нови мерки за даночна политика

0
By Нова ТВ on October 17, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 17, 2013 14:51


Првата презентирана мерка за „повраток на 15% од данокот на додадена вредност на граѓаните“ привлече огромно внимание, констаираше денека пред новинарите Зоран Заев, претседателот на СДСМ.

„Добивме коментари, предлози и забелешки од стручната и експертска јавност, но она што е најзначајно, мерката предизвика особено внимание и интерес меѓу граѓаните кои ја препознаа суштината и можноста за зголемување на вкупниот буџет на секое семејство во Република Македонија“, истакна тој.

Уште еднаш потсети на позитивните ефектите кои оваа даночна мерка ќе ги предизвика со нејзиното имплементирање:

– Со враќање на 15 проценти од ДДВ-то, на граѓаните ќе им бидат вратени 130 милион евра годишно;
– 20.000 до 30.000 денари годишно повеќе приход за секое семејство;
– зголемена потрошувачка моќ на граѓаните;
– секој граѓанин се мотивира да инсистира на издавање фискална сметка заради можноста да врати дел од данокот при секое купување. Граѓаните се ставаат во улога на „даночни инспектори“.

– Управата за Јавни приходи ќе нема можноста за затварање на дуќани заради даночна недисциплина;
– поттикнување на дополнителна домашна инвестициона активност (нови градби, реновирања, погони, станови, опрема, апарати за домаќинство…);
– создавање на фер услови на пазарот за сите -отстранување на сивата економија;
– сериозно намалување на процентот на непријавени работници (доколку целиот промет се реализира со фактура или друг пазарен документ, се елиминира кешот и се оневозможуваат газдите да ги плаќаат вработените на црно);
– поголем приход во фондот за пензиско и здравствено осигурување – ќе има повеќе пријавени работници и повеќе пари во буџет;
– реално ќе се намали бројка на невработени;
– елиминирање на шверцот и избегнување на царинските и акцизни давачки (овој модел има позитивно влијание и врз производите за кои  се плаќа царина и акциза затоа што и при продажбата на тие производи се наплаќа  ДДВ)

Презентација на мерките од даночната политика

Првата мерка ќе значи праведен данок на доход.

– Решението на СДСМ е за вкупен годишен приход на секој граѓанин до 720.000 денари, или околу 12.000 евра, персоналниот данок на доход да се плаќа по стапка од 9 %. За приходот на граѓаните над оваа сума даночна стапка да изнесува 18%;

Како што истакна Зев, ова не значи зголемување на стапката на персоналниот данок. Напротив ова значи дека повеќе од 80% од граѓаните ќе плаќаат помал данок од досегашниот (9%), наспроти сегашниот кој е 10%. Само најбогатите ќе плаќат повеќе. Тоа е праведно оданочување, бидејќи официјалните податоци покажуваат дека најбогатите 20% од граѓаните во Македонија располагаат со доход колку и сите останати 80% од граѓаните.

Еве поедноставена и попрецизна пресметка. Значи, сите граѓани што имаат месечен приход до 1.000 евра ќе плаќаат перонален данок на доход од 9%. Граѓаните што имаат вкупен месечен приход над 1.000 евра, за разликата над 1.000 евра ќе платат 18% персонален данок на доход. Или оној што има приход од 1.200 евра – за 1.000 евра плаќа данок од 9% а за 200-те дополнителни евра плаќа 18% персонален данок на доход.

Втората мерка ќе значи ослободување од плаќање данок:

Приходите од земјоделска дејност и од каматите на штедните влогови на граѓаните во банките нема да влегуваат во формирањето на даночната основица кај персоналниот данок од доход. Сите земјоделци и сите други граѓани кои имаат приход од земјоделска дејност на тој приход нема да плаќаат персонален данок на доход.

Штедните влогови на граѓаните трајно нема да се оданочуваат. 

Третата мерка ќе значи развоен данок:

Ќе овозможиме опција 30 проценти од данокот на добивка да се вложуваат во развојот на спортот, културата, науката и образованието. Тоа значи дека доколку фирмата има обврска за плаќање на данок на добивка од 100.000 евра, да има опција 30-те проценти од оваа сума, или 30.000 илјади евра да ги уплати во буџетот на државата или, да ги уплати како донациски вложувања во развој на спортот, културата, науката или образованието. Што значи директна стимулација на дејности од корист за сите граѓани. За фирмите тоа ќе значи општествено вреднување и признание, како и бесплатен маркетинг и промоција;
Спортистите, научните работници, вработените во образованието и културата ќе препознаат каква стимулација ќе значи оваа мерка.

Контролата на овие донации ќе биде редовна по однапред пропишана процедура.

Останува на сила решението кај данокот од добивка единствената даночна стапка да изнесува 10% .

Четвртата мерка ќе значи праведен данок на имот:

– Ќе се редифинира основицата и стапката на данокот од имот. Што тоа значи?!  Секој кој има во сопственост еден стан или една куќа во која живее заедно со своето семејството ќе плаќа данок на имот од 0,05% од вредноста на имотот. Доколку поседува втор стан или куќа ќе плаќа данок на имот во висина од 0,1% од вредноста на имотот. За трет стан или куќа, ќе се плаќа 0,15% данок на имот. За четврт или повеќе станови или куќи сопственикот ќе плаќа 0,3% данок од вредноста на имотот. 

На крајот напоменуваме дека овие се само дел од мерките кои заедно со првата промовирана мерка недвосмислено ќе придонесат за праведна распределба на доходот и богатството во нашата земја и враќање на средната класа во општеството. 

Очекуваме дебатата за овие економски мерки да продолжи и да добие на интензитет.
Очекувам конечно и претставниците на владата да се осмелат и да прифатат суштинска дебата по нашите предлози. Паушалните оценки, навредливиот вокабулар и ниското ниво на опонирање само ја потврдува несериозноста и неподготвеноста на власта за аргументирана дебата за клучните прашања од егзистенцијален интерес на граѓаните на Република Македонија.

Од СДСМ не ја исклучуваат оваа програма како „забетонирана“ туку тие повикуваат на јавна дебата, да се најдат и подобри идеи доколку ги има, бидејќи со нивната Програма, тие сметаат дека се обезбедува нормална и фер постапка за правилно оданочување

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.