Премиерот Зоран Заев денеска од стадионот во Амстердам дава поддршка на македонската фудбалска репрезентација.
– Благодарност до холандскиот премиер Марк Руте за поканата заедно да го следиме натпреварот. Моќна е спортската дипломатија. Премиерот Руте знае дека головите на “гостински” терен се највредни, но без разлика на резултатот од мечот, од денес #МКД и #НЕД се уште поблиски. Им посакувам успешен натпревар на македонските репрезентативци. Напред момци! Играјте храбро, ние сме веќе горди на вас, напиша заев на својот Фејсбук профил.
По средбата претпладнево со амбасадорката на Португалија во земјава, Марија Виржиња Пиња, премиерот Зоран Заев отпатува за Амстердам на покана на неговиот холандски колега, Марк Руте.