„Кризата со пандемијата ни укажа дека вложувањата во инфраструктурата, болниците, градинките, училиштата, патиштата и пред сѐ вложувањата во човечкиот капитал, е одлична економска стратегија. Едно без друго не може. Градењето патишта, железници, и друга ‘хардвер’ инфраструктура се и тоа како потребни, но нема да го дадат посакуваниот ефект ако не инвестираме во човечкиот потенцијал.
-Ги искористуваме можностите за креирање на соодветен деловен амбиент каде неизвесноста ќе биде намалена, а предвидливоста зголемена. Секој инвеститор сака стабилно деловно опкружување, владеење на правото, а ние како Влада се стремиме тоа и да го овозможиме. Самиот влез во НАТО носи забрзан раст на инвестициите, раст на економијата и намалување на невработеноста и веруваме дека со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите ќе бидат видливи.“, вели претседателот на македонската влада, г. Зоран Заев во интервјуто за „Капитал“.
Целото интервју може да го прочитате преку следниов линк