На тендерот се пријавиле компании кои ќе произведат 207 мегавати електрична енергија, со премиум тарифа. Потребна е добра подготовка, поволни кредити и избор на успешни форми. А ова требало да се направи многу порано, така да енергетската криза немаше да биде со ваков интензитет. Наместо да се троши на рајски градини, фасади што паѓаа на посилен ветар, не се изгради ниту еден сериозен енергетски објект, рече Заев 

„Соларен парк Стипион“ ќе се гради на 452 хектари во Штип и е стратешки  проект којшто ќе се реализира со водечката француска компанија „Акуо  енерџи“. Владата донесе одлука за стратешки инвестициски проект, инвестицијата се очекува да биде 270 милиони евра, со капацитет за производство на електрична енергија од 350 до 400 мегавати – изјави денеска премиерот Зоран Заев, кој го промовираше договорот за стратешката инвестиција „Соларен парк Стипион“,  заедно со претседателот на француската компанија „Акуо Енерџи“, Ерик Ското, и францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер.

Во фаза на подготовка е законот за оваа инвестиција, кој се очекува да се донесе во првата половина од 2022 година. Се проценува дека оваа француска  инвестиција е прва и најголема од ваков вид на Балканот. Проектот ќе ги задоволува потребите за струја на 94.000 домаќинства, а ќе почне да се гради в  година на потегот од Штип до Свети Николе. На оваа локација беше предвиден  карго аеродром на површина од 452 хектара.

На тендерот се пријавиле компании кои ќе произведат 207 мегавати електрична енергија, со премиум тарифа. Потребна е добра подготовка, поволни кредити и избор на успешни форми. А ова требало да се направи многу порано, така да енергетската криза немаше да биде со ваков интензитет. Наместо да се троши на рајски градини, фасади што паѓаа на посилен ветар, не се изгради ниту еден сериозен енергетски објект. Вложувањето во енергетика над 30 години беше занемарено, изјави Заев, потенцирајќи  го донесувањето на Законот за енергетика кој е усогласен со ЕУ регулативи, како и Законот за стратешки инвестиции.

Тој најави дека првите количини електрична на енергија ќе протечат во 2023 година, а целосна реализација се очекува до крајот на 2024 година. Производството на електрична енергија е проценето на околу 650 гигават часови на годишно ниво, што претставува 16 проценти од годишното производство на струја од АД ЕСМ.

Ерик Ското: „Акуо Енерџи“ е среќен што се здоби со статусот на стратешка инвестиција

Претседателот на француската компанија „Акуо Енерџи“ Ерик Ското на промоцијата истакна дека Владата, воведувајќи систем на стратешка инвестиција донела храбра одлука и создала услови за забрзан процес кон енергетска независност.

– За првпат сум овде, пресреќен сум и драго ми е да зборувам на тема која ми е при срце. Вие поседувате добра кои никој не може да ви ги земе – сонцето – и може да произведувате електрична енергија од обновливи извори. Акуо е среќен што се здоби со статусот на стратешка инвестиција. Тој статус е одраз на одличните француско-македонски односи. Гарантирам дека Акио ќе биде на висина на задачата во служба на вашите граѓани. Уште од денеска моите екипи ќе работат неуморно со вашата администрација и со вашите граѓани за да се изгради француско-македонскиот проект, рече Ското.

Тој додаде дека „овој проект со одлуката што ја носиме за зелени енергии е патот кој треба да го следат и други членки на ЕУ“.

Се надевам наскоро ќе бидете дел од ова семејство! Нашата компанија почна  со обновливи извори пред 20 години, присутни сме на сите континенти и да го усовршат производството на електрична енергија. Секој до нашите проекти кој го водиме е секогаш придружуван со друг земјоделски проект, зашто двете транзиции за иднината се прехранбената енергија и земјоделската транзиција, а од 2007 година „Акуо енерџи“ ги комбинира енергетиката и земјоделието, додаде Ското. 

Амбасадорот Сирил Бомгартнер: Инвестицијата испраќа сигнал и за доверба во европската  иднина на Северна Македонија 

Францускиот амбасадор во државава, Сирил Бомгартнер, истакна дека инвестицијата има големо стратешко значење бидејќи ќе придонесе да се зајакне енергетската независност на Северна Македонија, истовремено помагајќи и на земјата да го изоди својот амбициозен европски пат за намалување на емисиите на јаглерод диоксид.

Освен тоа, оваа инвестиција испраќа сигнал за пријателство до Северна Македонија и сигнал за доверба во нејзината европска иднина. Се разбира, модалитетите за нејзиното спроведување треба да бидат утврдени со посебен закон. Овој сигнал не е изолиран. Големата француска агенција активно се мобилизира во земјата“, рече амбасадорот Бомгартнер. По потпишувањето на Рамковниот договор оваа зима во Париз од страна на францускиот и на македонскиот министер за надворешни работи Агенцијата имала најмалку пет посети со цел да се идентификуваат корисни проекти што треба да се реализираат во земјата.

„Нашата заедничка цел сега е да ги дефинираме, а веќе од следната година и да започнеме со реализицаија на првите проекти“, рече Бомгартнер, посочувајќи и дека десетина француски компании моментно работат на своето позиционирање на македонскиот пазар.

–  За првпат сум овде, пресреќен сум и драго ми е да зборувам на тема која ми е при срце. Вие поседувате добра кои никој не може да ви ги земе – сонцето – и може да произведувате електрична енергија од обновливи извори. Р.С. Македонија е млада земја, сте биле управувани од многу држави и секогаш сте ги надминувале проблемите на мирољубив начин, и во 1991 година и сега во спорот со Грција. Напредувате на вашиот пат и останувате отворени за меѓународна соработка. Денес ова е образ на она што сте вие – стратешка инвестиција, особено свртена кон обновливи  извори на енерија, а која ќе создаде услови за забрзан процес на енергетска  независност, рече директорот на Акуо енерџи.

Тој додаде дека „овој проект со одлуката што ја носиме за зелени енергии е патот кој треба да го следат и други членки на ЕУ“.

– Се надевам наскоро ќе бидете дел од ова семејство! Нашата компанија почна  со обновливи извори пред 20 години, присутни сме на сите континенти и да го усовршат производството на електрична енергија. Секој до нашите проекти кој го водиме е секогаш придружуван со друг земјоделски проект, зашто двете транзиции за иднината се прехранбената енергија и земјоделската транзиција, а од 2007 година „Акуо енерџи“ ги комбинира енергетиката и земјоделието. Го имаме задоволството да работиме заедно со соприни зџемјоделси и со сите македонсиц да зигфрадиме модерна слика з амодерна дрзава а, Мозе да сметате на анс Фала з апрецекот и сто ке корситие дел до авси резурски – сонцето – рече директорот на „Акио енерџи“,

Според премиерот Заев, инвестицијата е директна придобивка од реформите во енергетскиот сектор.-Акио енерџи со изградба на соларниот парк Стипион, како и германската Випиди која вложува во новиот ветерен парк „Вирови“ ќе дадат нов стимул на нашата економија со ангажирање на домашна работна сила, млади кадри кои својата иднина ја гледаат во вакви современи компании, рече Заев.

Во моментот во фаза на градба се фотонапонски електрани преку принципот на поддршка со премиум тарифи со инсталиран капацитет од 60 мегавати, а дел од нив се пуштени и во употреба. Изградена е првата и најголема фотонапонска електрана од страна на ЕСМ со инсталиран капацитет од 10 мегавати и наредната година ќе почнат со изградба двете електрани од по 50 мегавати во Осломеј или вкупно 170 мегавати што е за 10 пати повеќе од 17-те мегавати коишто се изградени во претходните 26 години.

Заев: Изградба и на три ветерни парка со капацитет од 110 мегавати 

Во фаза на изработка, информираше Заев, се и технички студии за изградба на нови 10 мегавати фотонапонска електрана во РЕК Осломеј, како и на нови 160 мегавати фотонапонски електрани во РЕК Битола, проекти финансирани од ЕБОР и Германската развојна банка КфВ. Владата издаде и овластување за изградба на три ветерни парка со вкупен капацитет од 110 мегавати и со постојниот ветерен парк „Богданци“ бројката ќе се заокружи на 150 мегавати. На тендерот за премиуми што беше објавен оваа година, втор по ред, пријавени се инвеститори со вкупен инсталиран капацитет од 207 мегавати иако беа понудени само 80 мегавати. Ова е показателот дека работите се движат во вистинска насока.

„Енергетската инфраструктура не се гради преку ноќ. Потребна е добра подготовка и добри проекти, обезбедување на поволни кредити и избор на добри фирми со цел успешна реализација. Доколку овие заложби и вложувања се случиле многу порано наместо да се инвестира во непродуктивни проекти денешната енергетска криза немаше да биде со ваков интензитет“, рече Заев.