Лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој во моментов ја објавува петтата т.н. „бомба“, на новинарско прашање дали има нешто за изгорните нерегуларности и зошто не се објавени досега, одговара дека тие докази се врвот во владеењето на Груевски.
-Дел од медумите не не следат, па дури и МТВ која имаме законска обврска да пренесе наши ставови е една од причините поради кои одиме чекор по чекор. Втора работа е народот да го дознае чекор по чекор целото злосторство што му се случувало овие години. Кога ќе слушне до каде одел со името на државта, што се прифаќал – ќе видите колку ни е загрозена и државата и народот, a изборните нерегуларности се врвот во сето тоа, вели Заев.
Заев денеска објави телефонски разговор помеѓу премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески каде премиерот наводно нарачува промена на урбанистичкиот план и диктира кога да се руши објектот на Фијат Цаноски.
-Веднаш по изборите во 2011 и по затворањето на А1 телевизија, по дирекна нарачка на Никола Груевски се руши објектот „Космос“ на Фијат Цаноски. Целта е одмазда кон Цановски. Груевски лично ја контролира акцијата за срушување на објектот до земја. Груевски сугерира инсталации во судството, договара манипулации за да се оправда пред меѓународната заедница, вели Зоран Заев кој во моментов ја објавува петтата „бомба“ на Бихаќка.
Во разговорот се слуша како премиерот Груевски нарачува на местотот да се изгради убав парк, а објектот вели дека најдобро е да се сруши во понеделеник – 1ви август, во „фул-сезона“ на годишни одмори.
Заев тврди дека знаел оти Груевски ги снима сите разговори одржани во неговиот кабинет.




