Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Владата останува најголем поддржувач на бизнисот

0
By НОВА ТВ on July 6, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата останува најголем поддржувач на домашните компании и партнер на бизнис заедницата во креирањето и спроведувањето на економски политики со цел обезбедување подобри услови и подобри закони, раст на БДП и отворање нови работни места, рече премиерот Зоран Заев на денепната попладневна повеќечасовна работна средба во Стопанската комора на Северна Македонија.

Заев на средбата која се реализира на покана на Комората, беше со својот економски тим: вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, заменик-министерот за економија Зоран Маневски и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

-Сакам денеска да ви испратам порака, дека од Владата ја имате постојаната поддршка. Нашиот фокус е на домашните компании кај кои гледаме огромен потенцијал во обезбедувањето нови работни места, постојана плата и пораст на бруто домашниот производ (БДП). Ваквите средби се добредојдени, бидејќи треба заедно да ги лоцираме тешкотиите во вашето работење и да ги отстраниме, рече премиерот Заев.

На средбата се разговараше за повеќе мерки кои за Стопанската комора се приоритетни и чија имплементација, како што беше нагласено, ќе се следи. Претставниците на компаниите повторно побараа навреме да се прецизира временската рамка за измени во даночниот систем, односно измените во сферата на даночните давачки да се носат и комуницираат со јавноста најдоцна до 30 јуни тековната година. Стопанската комора предложи донесените измени да имаат одложено дејство – да почнат да важат од 1 јануари наредната календарска година.

И бизнисмените и Владата се согласија дека една од клучните мерки за обезбедување зголемени инвестиции е кратењето на сите административни бариери при издавањето градежни дозволи потребни за компаниите.

Премиерот Заев и членовите на Владата информираа дека се преземаат мерки и се носат одлуки со цел реализација на активностите на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година. Стана збор и за унапредување на работењето на УЈП, како и на останатите државни институции кои имаат инспекциски надлежности, јакнење на капацитетите и дигитализација.

Како една од главните стратешки определби на Владата беше истакната реализацијата на националниот гасоводен систем при што двете страни на средбата се согласија дека целосната реализација на овој проект е од исклучително значење за стопанството како краен потрошувач, кој на овој начин ќе добие поевтин енергенс, пониски трошоци и ќе се обезбеди заштита на животната средина и поголема конкурентност на странските пазари. И Владата и Стопанската комора се согласија дека е посебно важно при поврзувањето на регионалните гасоводни системи, како и при изградба на дистрибутивните системи за природен гас, да се стави приоритет на пуштање во употреба на веќе изградените гасоводни мрежи.

На одобрување кај бизнис секторот наиде повикот на премиерот Заев и неговиот економски тим, деловната заедница да се вклучи со вложувања во обновливи извори на енергија и поддршка на зелени инвестиции во јавниот сектор, кои ќе придонесат за намалување на загадувањето, притоа потенцирајќи дека Владата со Интервентниот план за инвестиции ИПИ 2021-2027, планира јавни и приватни инвестиции согласно сегашните и идните стратегии за економски раст на земјата.

Бизнисмените изразија задоволство од Програмата за поддршка на инвестициите, притоа истакнувајќи ја потребата за запознавање на претпријатијата со можностите за користење на мерките за поддршка на истражувањето, иновациите и развојот за обезбедување поголема мотивација за нивна имплементација во конкретни производи.

На барање на бизнис заедницата премиерот Заев информираше дека Владата останува транспарентна и одлучна во борбата со лажните вести и се залага за искористување на сите капацитети во таа насока, со цел обезбедување демократска и слободна општествена средина.

Беше повторена и заложбата на Владата постојано да се носат мерки во насока на подобрување на инвеститорската клима, при што беше истакнато дека и во време на економско-здравствена криза извозот се задржа на 6,5 проценти, што е позитивна вест во однос на подобрување на севкупниот економски раст во државата. За таа цел се преземаат мерки за ублажување на ефектите од пандемијата на краток рок, како и планирање за економски раст на среден и долг рок.

економија Заев компании
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

ВЕСТИ October 23, 2025

Градоначалничката Данела Арсовска во објава на социјалните мрежи утрово пишува дека одговорноста за состојбата во…

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

October 22, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.