Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Владините политики за користењето обновливи извори поддржани од Секретаријатот на Енергетската заедница

0
By НОВА ТВ on September 13, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев го прими директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Јанез Копач, кој учествуваше на „Македонскиот енергетски форум 2021: Мапирање на енергетската иднина“, кој во организација на ЗИП Институтот, Амбасадата на Соединетите Американски Држави во земјата и Владата на Република Северна Македонија, денеска и утре се одржува во Скопје.

На средбата беше изразена благодарност за поддршката којашто ја дава Секретаријатот на Енергетската заедница за имплементација на законодавството во делот на енергетиката во Република Северна Македонија, пришто позитивно беше оценет напредокот во реформите во легислативниот дел, во насока на имплементација на Третиот енергетски пакет на законодавството на Европската Унија.

Премиерот Заев со задоволство истакна дека за разлика од минатото, Владата активно работи на искористување на она што ја карактеризира нашата земја, а тоа се сонцето, ветерот и водата, за успешно постепено менување на производството на електрична енергија од јаглен со производство на електрична енергија од обновливи извори.

Притоа премиерот Заев информираше за различните фази на инвестициите, споменувајќи ја фотонапонската електрана во Осломеј од 10 мегавати, која до крај на октомври годинава ќе биде готова, односно вкупно 170 мегавати електрани на сонце или 10 пати повеќе од 17-те мегавати изградени во претходните 11 години.

Истакнувајќи дека Владата е насочена кон обезбедување погодни услови за инвестирање особено во енергетскиот сектор, премиерот Заев подвлече дека со донесувањето на Законот за стратешки инвестиции, се отворија можности за препознавање на заложбата на Владата од страна на големите инвеститори пришто за нив се подобрија условите и веќе неколку сериозни инвеститори доставија официјални проекти за стратешки инвестиции како што се „WPD“ од Германија за изградба на 415 мегавати ветерна електрана,  „EFT Group“ за изградба на 80 мегавати фотонапонска електрана, неколку други сериозни инвеститори искажаа интерес за инвестирање во големи енергетски инфраструктурни објекти, односно проекти вредни стотици милиони евра.

Директорот Копач до премиерот Заев упати честитки за позитивниот исчекор напред направен во изминатиот период посочувајќи дека земјата бележи напредок во однос на имплементација на законодавството на Европската Унија од областа на енергетиката.

На состанокот позитивно беа оценети досегашните реформски процеси во поглед на потребната законска усогласена регулатива во насока на понатамошно следење на новите трендови од ЕУ.

Заев Копач Секретаријат на Енергетската заедница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
ФОКУС

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

СВЕТ November 2, 2025

Белград: Тензично е пред српскиот Парламент, каде што Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

November 1, 2025

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.