Од кога опозицијата е надлежна за сите процеси, па и за ревидирање на Избирачкиот список? праша Зоран Заев реолицирајќи на изјавата на премиерот Груевски за тоа дека опозицијата е одговорна за застојот во ДИК.
Да ги повикаш Зоран Заев и Борис Кондарко како наш претставник во Државната изборна комисија, а да знаеш дека мнозинството во ДИК е од власта, е чист обид да се замагли сè во очите на јавноста, рече Заев во својата реакција на изјавата на Груесвки, кој вчера од Заев побара да му наложи на Кондарко да започне со ревизија на Избирачкиот список.
Јас го повикувам премиерот да им даде насока на неговите претставници во ДИК да започне постапката за ревизијата на Избирачкиот список. Еден милион и петстотини и педесет полнолетни граѓани се во Македонија кои се гласачи и не може да има повеќе. Ова нека биде сигнал за сите дека мора овој список да го ревидираме за иднината на Македонија, а тоа го прави власта. ДИК само го сублимира списокот. Се знае каде се бара базата на податоци – нагласи Заев.




