НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Во периодот на осамостојувањето најважно беше мирното разрешување на сите комплексни прашања

0
By НОВА ТВ on September 17, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нашата земја во периодот кога се осамостојуваше за среќа помина без оружени конфликти, а моето лично мислење за рефередумското прашање е дека во тој период најважни беа заложбите за мирно разрешување на сите комплексни прашања, истакна премиерот Зоран Заев на трибината „Патот до незавсиноста“ што на негова иницијатива денеска се одржа во Владата по повод 30-годишнината од независноста.

На трибината, на која учествуваат и дел од директните учесници во политичките случувања од тоа време, Заев рече дека во тој турбулентен период на глобалната и регионалната политичка сцена, било очекувано настаните да бидат проследени со немири и вооружени конфликти, но оти во земјава таквите воени судири биле избегнати.

– Тие години во нашата земја се тесно поврзани со глобалната и регионалната политичка сцена од крајот на крајот на 80-тите како на пример падот на Железната завеса и распадот на Југославенската Федерација. Во такви околности сосема е очекувано настаните да бидат проследени со сериозни тенденции за турбулентен развој на процесите и настаните, па дури и со немири и оружени конфликти. За среќа, нашата земја во тој период помина без оружени конфликти. Секако, сеуште жалиме за младите луѓе кои во тие години ги загубија животите во униформите на ЈНА, истакна Заев.

Во однос на референдумското прашање кое гласеше – Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија со право да стапи во иден сојуз со суверени држави на Југославија, Заев рече дека тоа било израз на политичките односи во тоа време и компромис меѓу македонските политички партии после долги и жолчни дебати, но не и консензус меѓу заедниците.

– Најголемата заедница после македонската, албанската тогаш инсистираше на реферндумско прашање кое повеќе ќе ги дефинира внатрешните односи помеѓу заедниците во државата отколку односите со остатокот од Југославија. Рефрендумското прашање особено во вториот дел превираше и меѓу Македонците во поголем дел на национално обоените политички партии и кај граѓаните блиски до нив. Тогаш голем дел од граѓаните гледаа скриена стапица дека државата ќе се врати повторно во нешто што ќе остане од Југославија. Мојата лична опсервација на овие контраверзии на реферндумското прашање е дека во тој период најважни беа заложбите за мирно разрешување на сите комплексни прашања кои беа врвен прироиет и на претседателот Киро Глигоров кој беше свесен за пресудната улога на меѓуетничкиот соживот, како и зачувување на мирот во земјата, истакна Заев.

На една таква претпазливост, како што посочи, повикувале искуствата од сите поранешни југословенски републики кои прогласувале незавиност и се соочиле со воени дејствија.

На денешната трибина учествуваат и првиот претседател на македонското Собрание Стојан Андов, поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, како и Васил Тупурковски, Љубомир Фрчкоски, Ѓулистана Марковска, Насер Зибери, Џевдет Хајредини, Мухамед Халили и Денко Малески.

Целта на трибината е преку сеќавања, опсервации и размислувања да се сумираат научените лекции од соочувањето со предизвиците во деновите кога се подготвувал референдумот за прогласување за прогласување независност.

30 години независност Заев трибина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.