Лидерот на СДСМ Зоран Заев во среда патува во Брисел на продолжение на разговорите за излез од кризата во која подолго време се наоѓа Македонија, објави Кирилица
Во интервју за Кирилица, Заев објаснува зошто се премисли и соопшти дека ќе замине на новата рунда разговори со европската четворка и со претставници на власта.
„ Телефонското јавување на Хан. Сепак, се јави и се корегира во изјавите. Неговите изјави за оценките на ОБСЕ/ОДИХР беа неприфатливи. Неговите интерпретации на тие оценки беа несоодветни и јасно стави до знаење дека во Брисел ќе се разговара за преодна, или како што сега ја нарекуваат „транзициска“ влада.
Без тоа ништо од се она што беше договорено во Скопје, не само за датумот за предвремени избори, туку и за сите други детали како работни тела, измени во изборното законодавство, избирачки список, како и поглавјата за реформи во правосудството и медиумите и се останато – не важи!
Ние ќе инсистираме таа преодна, транзициска влада да биде без Груевски. Може да биде целосно експертска, може да биде и политичка, композитна влада, од сите партии во парламентот, може да биде предводена дури и од член на ВМРО-ДПМНЕ, но не од гарнитурата која е целосно инкриминирана. Но, никако од Никола Груевски, кој е прв и најодговорен за таа инкриминација,“вели Заев.
Заев објаснува дека се уште не е разговарано за персонални решенија за можен мандатар на Владата, иако во јавноста се шпекулира со некои имиња. Заев најави нова “Бомба“ во понеделник, а таа за случајот „Смилковско Езеро“, рече дека нема да биде објавена пред протестот на Движењето БЕСА, на 13 јуни за да не избијат меѓуетнички конфликти.
На прашањето, како може да се прекине почната судска постапка против него за да не биде во нерамноправна позиција на преговорите, Заев одговара:
„Не, напротив. Јас им реков и во преговорите дека има начин. Тие се чудеа и ми велеа, па кажи го. Им реков, не сакам да се прекинува постапката против мене, ако се прекинече ја урнисаме државата. Ние сме исто како секој граѓани, јас и груевски. Но, вистинскиот начин како ова да се разреши е само еден – и тоа им го кажав и на посредниците и на Груевски – тој да поднесе оставка!
А, потоа и против него и против мене да се водат постaпки според словото на законот. Друг начин не постои. Во таква ситуација, верувам дека би дошле до правна разврска без притисоци врз судството. Тогаш би биле во рамноправна позиција и можеме да зборуваме за преговори. Но, Груевски нема храброст за таков чекор“, вели во интервју за Кирилица, лидерот на опозицијата Зоран Заев.




