Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев VS Груби: Какофонија меѓу владините партнери за Законот за јазици

0
By Нова ТВ on October 8, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев и пратеникот на ДУИ Артан Груби денеска влегоа во вербален дуел, убедувајќи се на јавна сцена кој што рекол во врска со Законот за јазици, откако во јавноста се појавија нацрт заклочоците на Венецијанската комисија.

Се почна со изјавата на премиерот Заев кој на новинарско прашање, како ја коментира изјавата на Груби за Законот за јазици, која тој не ја чул, туку му ја парафразираа новинарите, рече: „Ние политичарите знаеме понекогаш да лупаме глупости“.

Навреден од изјавата се најде Груби, кој веднаш ги повика новинарите и му реплицираше на Заев дека си зборува за себе.

„Очигледно изјавата на премиерот се однесува на него, затоа што зборува за себе. Сметам дека тоа е момент на саморефлексија и на зачестена самокритика којашто често е проследена со извинување. Лично сметам дека тоа е доблесна особина“, кажа Груби навреден.

Отвореното спротивставување на коалициските партнери наметна дилеми дали се работи за сериозен меѓувладин проблем или за недоразбирање.

Во врска со мислењето од Венецијанската комисија, Груби вчера изјави дека не е примено мислењето на Венецијанската, но какво и да е,  ќе се почитува. Тој рече и дека цената на чинење на еден Закон е неспоредлива со цената на мирот и еднаквоста.

„Во оваа драфт верзија, Комисијата ги поздравува унапредените јазични права на и изразува загриженост само во делот на цената на чинење на неговата имплементација. Цената на мирот на еднаквоста и меѓуетничките односи е неспроведлива со симболичната цена на имплементација на еден закон со кој всушност се заокружува Охридскиот договор“, рече вчера Груби, а денеска се дообјасни дека изјавата се однесува буквално на цената на чинење на Законот, за што забелешки имала Венецијанската комисија и дека не упатил никакви закани.

Денеска Заев коментираше изјава на Груби во која пратеникот наводно рекол дека „со законот е купен мир во државата“.

Претседателот Стево Пендаровски денеска апелираше да се почека официјалната верзија на Венецијанската комисија за Законот за јазици.

„Мораме да внимаваме, станува збор за драфт, нацрт документ кој е пробиен претпоставувам, од нечии лични или политички причини е пробиен предвреме, да почекаме да биде официјално објавен и јас би сакал да видам дали тоа што беше објавено на една или две странички, документот има многу повеќе страници, дали ќе останат со истите формулации до крај“,  рече Пендаровски.

Вицепремиерот Бујар Османи тврди дека ставот на Владата е дека Законот е добар.

„Мислам дека имаме подеднакви ставови во Владата дека овој закон е добар и треба да продолжи да се имплементира. Да оставиме Венецијанската комисија да излезе со конечниот извештај, па ќе видиме што може да одговара на нашиот политички контекст, што е спротивно од нивните согледувања, спротивно од Рамковниот договор од нашите погледи како треба да го развиеме нашето мултиетничко општество и мултиеничка држава“, изјави Османи.

Во драфт верзијата на мислењето на Венецијанската комисија пишува дека одредби од Законот за јазици (од 2018 година) ги надминуваат европските стандарди дефинирани особено во Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за регионални и малцински јазици и препорачува преиспитување на новиот закон и детално преиспитување на причините поради кои е сменет законот од 2008 година.

Но. во одредени области законот оди премногу далеку, наметнувајќи нереални правни обврски на јавните институции. Тука се посочуваат одредбите со кои се предвидува употреба на албанскиот јазик во судските постапки, кои се формулирани на толку широк начин што сигурно би барале повеќегодишна подготовка да биде целосно спроведена“.

Венецијанска комисија препорачува преиспитување на Законот за јазици.

Препукувања меѓу коалициските партнери за Законот за јазици имаше уште пред да се испрати до Венецијанската комисија. ДУИ бараше да се пратат само спорните одредби за банкнотите и униформите, додека СДСМ целиот закон.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.