Published: Sunday, March 8, 2015 14:12
Во интервју за „Фајненшл тајмс“ лидерот на СДСМ, Зоран Заев вели дека неговата партија објавила докази кои покажуваат само дел од рекациите на министерот за финансии, Зоран Ставревски, за она што се случува во Македонија, особено околу трошењето на парите на граѓаните.
– Со признанието на министерот за финансии сѐ е јасно. Во јавноста, официјално се зборува едно, затоа што власта има целосна контрола над медиумите. Власта објавува на граѓаните дека нашата економија е трета во светот, дека има раст на БДП, раст на економијата и слично. Но, вистинската ситуација е различнa и ја потврдуваат овие разговори, изјавил Заев.




