„За нас, за граѓаните на Република Македонија и за меѓународната заедница Уставот беше прекршен на 24 декември 2012 година. Тоа е потврдено со потписите токму на двете политички партии, вклучително и на претседателот на комисијата Борче Давитковски“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
„Морам да кажам дека Груевски е тој кој уште во март месец избега од предвремени парламентарни избори. СДСМ никогаш не бега од избори. Ние сме секогаш подготвени да учествуваме на избори, но потенцирам, никогаш повеќе нема да дозволиме организирање на уште едни криминални избори!
– Затоа, го повикувам Груевски, директно, не формално, туку суштински, заедно со опозицијата и пред се со институциите на системот, да се вклучат во прочистување на Избирачкиот список до крај и во вградување на сите препораки од ОБСЕ и на ОДИХР во изборното законодавство. Тоа е исто така препорака од мартовскиот договор и наша обврска како земја“ вели Заев.
Според него штом тоа ќе биде завршено, веднаш може да се прецизира термин за одржување парламентарни избори и со најбрзата процедура за организација на ваквите парламентарни избори. „Треба да знае и Груевски, но и граѓаните дека во фер и конкурентни натпревари и создадени услови, на секого ќе му биде јасно колку лесно ќе биде поразена оваа власт“, вели Заев.




