Published: Tuesday, May 12, 2015 23:16
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на социјалната мрежа Фејсбук ги коментираше денешните оставки на министрите за внатрешни и транспорт, Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески, како и на директорот на УБК, Сашо Мијалков, со напомена дека се само чекор до крајот на премиерот Никола Груевски.
„Сè што зборувавме се потврди, ова е доказ и за прислушувањето и за автентичноста на разговорите. Ова е доказ за содржината на разговорите кои ги потврдуваат сите незаконитости и криминали на Никола Груевски и врвот на власта.
Не е време за триумфализам! Оставките на Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески и Сашо Мијалков не се наша крајна цел. Ова е само чекор до крајот на Никола Груевски“, напиша на социјалната мрежа Фејсбук лидерот на СДСМ, Зоран Заев.




