Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев за ТВ Клан: Важно е граѓаните да излезат на гласање и да дадат правец на државата

0
By НОВА ТВ on October 28, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 28, 2021 22:38

Претседателот на СДСМ Зоран Заев вечерва во интервју за ТВ Клан истакна дека овие избори иако можеби не се историски, но ќе имаат историски последици и ќе го дадат правецот на државата.

Затоа е многу важно граѓаните да излезат на гласање и да и дадат правец на државата, нагласи Заев.

Тој додаде дека не може да се ита кон Европската унија и НАТО, кон пријателство со соседите, кон зближување на нашиот мултиетнички народ, ако некој шири национализми, ако некој прави кавги со соседите, ако некој е против Преспанскиот договор или Договорот со Бугарија или Охридскиот договор, знаат граѓаните дека едно со друго не оди.

Претседателот Заев најави game-change, истакнувајќи дека СДСМ го слуша гласот на граѓаните, се менува и корегира.

-Имавме и незадоволни наши гласачи поради персонални проблеми, затоа што не биле отворени нашите градоначалници, па дури и владините институции. Затоа правиме game-change, рече Заев, додавајќи дека одлуката за Бардовци докажува дека оваа власт постои за народот и знае да слуша.

Тој додаде дека коалицијата е силна и стабилна и сите политички партии покажале интерес да останат во коалицијата и помагаат во штабовите, бидејќи сите се заедно за ЕУ и за НАТО.

Со сите коалициски партнери очекувам да се поддржиме како што се договоривме, во Скопје ја очекувам поддршката и од Беса, ДУИ и ДПА, како и во Куманово, од каде очекувам поддршка и од Алтернатива. Од Алтернатива очекувам поддршка и во Скопје, затоа што иднината ни е заедничка. Тие се понижени од својот коалиционен партнер и потценети, но истовремено се понижени и со коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Не добија ништо за возврат на поддршката, а и нивната филозофија е во прогресивноста, рече Заев.

Тој најави зголемување на парламентарното мнозинство и истакна дека иднината со Алтернатива е заедничка.

Очекувам да расте мнозинството, бидејќи имаме две и пол години без избори и поголемо мнозинство е добредојдено, најави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Според него поради потребата од оперативен и ефикасен Парламент во мнозинството ќе преминат опозициски партии кај кои има интерес.

Христијан Мицкоски четири години најавува ново парламентарно мнозинство, но тоа се „лажги со опашки“, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев во интервју за телевизија Клан.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.