Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев за уапсениот дипломат: Секој треба да одговара, доколку го прекршил законот, не ги знаеме деталите

0
By НОВА ТВ Balaban on September 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тоа што го знам дека овој човек, дипломат бил доста активен и во времето на ВМРО-ДПМНЕ, и на Антонио Милошоски и на Никола Поповски министерот, тогаш бил и назначен во ОБСЕ по различни линии, односно прво гледате дека е и активен човек во времето на ВМРО-ДПМНЕ, бил испраќан и понатаму на мисии. Тие се вработени луѓе во МНР, рече премиерот Заев. 

Премиерот Зоран Заев денеска во врска со случајот на уапсениот македонски  дипломат во Србија истакна дека секој што го прекршил законот треба за тоа да одговара, но, оти никој не треба да биде прогласен за виновен додека вината не се докаже. Се што државата ќе добие како информација, а ќе може да биде споделена со јавноста, како што нагласи, власта ќе ја сподели. 

– Секако, прво треба никој да не го прогласуваме виновен додека тоа не се докаже. Но штом има прифатено меѓународна потерница тоа значи дека една држава веќе издала правен акт, тоа е Ерменија. И тоа е докажано само во таа држава. Во делот на меѓународната правна помош и на меѓународната регулатива наше е прво да го видиме предметот и да ги видиме доказите. Тоа се што знам јас е, на пример, од медиумите, затоа што ние немаме добиено предмет, немаме правно толкување на кои членови од законот во таа земја се прекршени и слично. И, навистина, не е мое да коментирам детали. Но, дефинитивно она што ќе кажам е дека секако секој треба да си одговара доколку го прекршил законот и дома и надвор од државата. Но, да оставиме прво да видиме за што навистина се работи, рече Заев во одговор на новинарско прашање.

Се работи, додаде,  за една земја која што не ни е толку позната, не е некоја од соседството, не ги знаеме деталите.

Тој потенцира дека се почитуваат меѓународните стандарди и договори кои што постојат.

– Прво, како што нагласи, се работи за наш граѓанин и апсолутно ние секој наш граѓанин стоиме позади него се додека не ни достави некој материјали дека направил кривично дело надвор од државата спротивно на законите во тие држави каде што бил и сл.  Втора работа што треба да се знае е дека дипломатите своите работи ги завршува дел дома во МНР и дел во нашите амбасади и тие се на ниво на амбасадор – советник, амбасадор – соработник и слично коишто работат во институциите. Тоа што го знам дека овој човек, дипломат бил доста активен и во времето на ВМРО-ДПМНЕ, и на Антонио Милошоски и на Никола Поповски министерот, тогаш бил и назначен во ОБСЕ по различни линии, односно прво гледате дека е и активен човек во времето на ВМРО-ДПМНЕ, бил испраќан и понатаму на мисии. Тие се вработени луѓе во МНР, рече премиерот Заев. 

Тој додаде дека затоа сите детали коишто ќе стигнат од аспект на МНР ќе ги соопшти министерот за надворешни работи, а од аспект на министер за внатрешни работи и од министерот за правда во делот на истрагата. 

Никој нема да биде оставен без учебници

– Будно ги следиме работите и секогаш сме подготвени за сите деца во четврто одделение, каде почнува дигитализацијата на наставата, да бидат обезбедени со електронски и печатени учебници. Никој нема да биде оставен без учебници, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Премиерот на прес-конференцијата во Општина Сарај, во одговор на новинарско прашање околу образовниот процес посочи дека голем дел од децата се обезбедени со смарт таблети, и со се што им е потребно, но испрати пораката дека ќе го следат целиот процес, и онаму каде што нема доволно, Владата ќе интервенира и ќе изнајде начин децата да се чувствуваат рамноправно.

-Дефинитивно, јас можам да потврдам дека онлајн наставата навистина дава можност да децата видат, се запознаат со материјата, визуелно да го осознаваат, на пример ако учат за врвот на некоја планина, ќе можат преку интернет да видат како изгледа таа, и дополнително да се информираат, додаде Заев.

Како што напомена премиерот, по сите анализи на квалитетот на образование е констатирано дека малку од знаењето останува кај децата, а целта е децата да излегуваат како генерација со многу посеопфатно и посуштинско знаење.

 

Зоран Заев уапсениот дипломат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.