Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Загатката на СЈО е четири истраги и едно обвинение

10
By Нова ТВ on March 23, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 23, 2017 11:59

Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека отвора четири финансиски и даночни истраги против 4 лица, а во следните денови ќе биде поднесен и обвинителен акт за случајот Транспортер, каде првоообвинет е градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Првите две истраги, под кодно име „Табла“ и „Триста“ се за злоупотреба на службената положба, додека другите две истраги „Тотал“ и „Тифани“ се за даночно затајување.

Првата истрага е под кодно име „Табла “, за основано сомнение дека директор во централното основно училиште во село Зајас ја злоупотребил службената положба и на 28 06.2006 година  склучил договор без јавна набавка спротивно на решението на Министерството за образование склучил договор во вредност од 12.346.394 денари или 200.000 евра, за изградба на училиште во кичевско село.

Втората истрага под име „Триста“ се однесува на јавна набавка за купување и сервисирање на возила, при што постои основано сомнение дека помошник министер во МВР преку избор на фимри кои не биле економски најповолни на овој тендер, го оштетил буцетот за 2.789.455 денари или 453.570 евра.

Како што образложи обвинителката Фетаи, помошникот министер во МРВ кој бил надлежен за јавни набавки со седум компании: Порше, Колевски, Бохемија автомобил, Кадис, Автомакедонија и Автокуќа за возила од три лота.  Со истрагата е утврдено дека исплатените 318.050.319 денари, се всушност за 27.894.555 денари повеќе од она што би било исплатено доколку биле избрани економски најповолните понуди.

Третата истрага е под името „Тотал“ и се однесува на продолжено кривично дело за даночно затајување. Постои основано сомнение дека физичко лице, како сопственик и управител Тотал маркетинг агенција ДООЕЛ Скопје,Тотал маркетинг ДООЕЛ Скопје, Медиа макс ДООЕЛ Скопје, Тотал медиа центар ДООЕЛ Скопје,  во периодот од 2008 до 2015 со намера да одбегне делумно  плаќање на данок во завршните сметки за даночна пријава давал лажни податоци, со затаил данок кај правните лица во висина 121.414 евра, а бидејќи овие средствата ги користел за лични потреби, не платил и данок на личен доход во висина од 63.032.

Обвинителката Фетаи нагласи дека овие средства се користени за лични потреби бидејќи само во три од фирмите нема ниту едно вработено лице, а во една од нив имало две и тоа едното вработено во август 2014, а другото во септември 2015.

Меѓу предметите што биле купувани како основни средства за фирмите имало душеци „меџик тач“ за 3.080 евра, рачен часовник за 2.341 евра, мебел за 65.940 евра, персиски теписи и кујнски садови.

Четвртата истрага под името “Тифани“ е за продолжено кривично дело даночно затајување за едно физичко лице, сопственик, управител и потписник на фирмите Смарт центар дооел експорт импорт и Смарт груп дооел Скопје.

Според истрагата, осомничената од 2008-2014, таа и правното лице одбегнале делумно плаќање данок од 37.634 евра за фирмите и 16. 920 евра за личен доход со тоа што давала лажни податоци во даночните пријави. Како управител осомничената ги користела фирмите како параван за лични потреби. Притоа обвинителката Фетаи, обелодени дека како основни средства за фирмите биле наведени набавки на долна облека од 500 евра, друга облека, обувки за 33.508 евра, луксузен мебел, сигурносни врати, точаци и друго.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.