Бремена жена во шести месец загина во паркот Кишена во Квинс откако врз неа падна дрво. Несреќната Линги Ли-Диков била пренесена во болница, но починала по патот.
Очевидци на несреќата се обиделе да и помогнат на Ли-Диков, но повредите биле претешки. Големото дрво ја смачкало додека таа седела на клупа во паркот во Њујорк.
„Насекаде имаше крв. Дрвото едноставно ја имаше згмечено“, изјавил 64-годишниот Салвадор Делигати за Њујорк пост.
Честите посетители на пркот тврдат дека паркот не се одржува како што треба. Дрвјата се стари и никој не се грижи за нив, така што претставуваат опасност за луѓето.