Вчера попладне околу 14.45 часот во полицијата во Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, пред наплатна станица Сопот, патничко моторно возило „рено клио“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.В.(38) од Неготино, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и малолетен сопатник (дете) и биле пренесени во општата болница Велес, каде од лекар била констатирана смрт кај малолетникот.

Исто така, со тешки телесни повреди се здобила и сопатничката В.В.(28) од Неготино, кои се констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител по чија наредба телото било предадено на обдукција.