Марк Сатон, кој облечен како Џемс Бонд со падобран скокна од хеликоптер на минатогодишното отворање на Олимписки игри во Лондон, загина во Швајцарија.
Несреќата во која загина 42-годишниот Британец, се случи вчера на подрачјето на швајцарските Алпи, каде учествувал на натпревар за скокање од падобран, објавува британски Мирор.
Сатон вчера скокнал од хеликоптер со одело со крилја, кое овозможува подолг хоризонтален лет.
Тој беше многу искусен падобранец, а славата ја стекна на отварењето на Олимписките игри, со спектакуларниот скок од падобран заедно со уште еден падобранец облечен како кралицата Елизабета Втора.