Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Загина велосипедист на пешачки прегазен од 20-годишник

0
By Ivana on July 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 13, 2021 21:25

Педесет и четиригодишен скопјанец загина со велосипед, откако во него удрил автомобил денеска околу 10:30 часот на булеварот Кочо Рацин во Скопје. Според информациите од МВР, автомобилот го управувал 20-годишен жител на скопско Батинци.

По незгодата велосипедистот бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде од страна на лекар била констатирана смрт. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Од иницијативата На точак револтирани, излегоа со неколку барања до надлежните институции:

Сакаме Градоначалник на Град Скопје кој после секој изгубен живот во сообраќајот ќе најавува нова порадикална мерка во инфраструктурата, дизајнот на улиците и семафорскиот систем која ќе гарантира поголема безбедност. Додека не стигнеме до нула жртви, не направиле доволно.
‼️ Сакаме Министер во Министерство за внатрешни работи кој после секој изгубен живот во сообраќајот ќе најавува нова порадикална измена на Законот за безбедноста во сообраќајот и порешителна акција од полицијата против прекршителите. Додека не стигнеме до нула жртви, не направиле доволно.
‼️ Сакаме Обвинителство кое правилно ќе ги квалификува овие злодела и нема да го привилегира неодговорното управување со 2-тонско возило како активност во која е дозволено да се греши. Одговорноста е еднаква како при управување со оружје.
‼️ Сакаме Суд кој нема веќе да досудува условни казни за убијци.
‼️ Сакаме новинари кои нема веќе да ги користат термините “незгода“ и “несреќа“ туку „убиство“ или барем „удар“/„судир“.
Не се работи за гребнатинки и во 99% случаи не се работи за случки вон човекова контрола.
Во конкретниот напис добро е што се користи активна, а не пасивна реченица, реченица со одговорен субјект („го прегази 20-годишник“, наместо “беше прегазен од автомобил“).
Конкретната возраст и пол на возачот исто така е добро што е нагласена, зашто тоа е специфична група која е ризик по другите и по себе во сообраќајот и со која се работи на посебен начин, каков што сакаше да пренесе сообраќајниот психолог Ралф Рисер кога беше во Скопје, но не беше баш најсериозно сфатен од одговорните тука.
Овие барања се скромни и реални.
Луксуз е да продолжи губењето животи и да се третира со истата лежерност!
‼️ Правда за Б.Љ.(54), безбедност за сите!
Во град не прифаќаме толеранција на жртви од сообраќај над НУЛА, при остварување на базичното право на движење.
Во населени места со соодветни брзини, инфраструктурни промени и полициска контрола бројот на жртви МОЖЕ И МОРА да се сведе на НУЛА.
Не прифаќаме ништо помалку од ВИЗИЈА НУЛА (Vision Zero) како дел од програмите за локални избори.
Кој не се стреми кон нула жртви, не е достоен да управува со институции.
велосипедист несреча пешачки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.