Уште еден земјотрес го погоди Загреб околу 19 часот и 15 минути. Ова е втор потрес во само два часа кој погоди исто подрачје.
Сеизмичката служба на Република Хрватска забележа попладнево во 17:06 часот умерен потрес со епицентар во околината на Јаблановце кај Загреб.
Магнитудата на потресот била 2,3 степени според Рихтер, а интензитетот во епицентарот бил од трет степен на MCS скалата.
Потресите ги почувствувале жителите на Јаблановце, Бистра, Запрешиќ, Брдовец, околните места и делови на Загреб.
Умерен земјотрес во околината на Загреб се случи завчера на полноќ, кога според податоците на Европската сеизмичка агенција потресот бил со интензитет од 3,1 степен и на длабочина од 10 километри.