Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Загребскиот театар ЗАмКА се претстави во Тетово со комедијата „Повеќе среќа, следниот пат“

0
By Ана Василевска on November 12, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тетовската публика ја наполни салата во поранешниот Дом на Армијата за да ја проследи комедијата „Повеќе среќа, следниот пат (Više sreće drugi put) во изведба на гостувачкиот театар ЗАмКа (Зелински аматерски театар) од хрватскиот град Свети Иван Зелински близу главниот град Загреб.  Комедијата иако беше изведена на кајкавски дијалект на кој што зборуваат гостите во областа Пригорје придонесе често пати во текот на изведбата публиката да се насмее на случките во претставата.

Претставата работена по текст и режија на Штефица Фањек ги прикажува несекојдневните комични ситуации кога во едно село во Хрватска, нивниот соселанец Јожа или Јозеф, доаѓа од Германија, со својот 35-годишен син Ханс.  Бидејќи Ханс не е женет, татко му се обидува да му договори брак со некоја од девојките. Свој удел во обидите имаа и жените од селото за своите ќерки и внуки, па доаѓаше до конфликти и препирки.  Но на крај, останува за девојките од селото среќата за мажачка да ја пробаат некој следен пат, бидејќи Ханс ја истакнува својата љубов кон друг маж.

Организатор на гостувањето беше Македонско – хрватското друштво (МХД).

-Ни беше чест да ги имаме за гости театарот ЗАмКа од Загребачка жупанија, токму на датумот 11 ноември кога пред 20 години се основаше МХД. Оваа претстава прв пат се изведува во Македонија.  Позитивно сме изненадени што овие десетина актери привлекоа голем број посетители. Ни дава дополнителна мотивација ова што го работиме 20 години и понатаму да продолжиме со цел унапредување на култруниот живот во Тетово, изјави Марко Видачек од МХД.

Зелинскиот аматерски театар (Zelinsko amatersko kazalište – ZAmKa) ЗАмКа постои од 1993 година, а има успешни остварувања во Хрватска и надвор. Претставата е победник на 21-та смотра на театарски аматери на Загребачка жупанија.

Извор: МИА

претстава
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

ВЕСТИ October 7, 2025

По убиството на судијата во Албанија, кого еден обвинет вчера го застрела во срце во…

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.