Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Захариева до Борисов и Заев: Да се состане Меѓувладината комисија за Договорот за добрососедство

0
By Нова ТВ on November 10, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 10, 2020 10:44

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска доаѓа во Софија и ќе има средба бугарскиот премиер Бојко Борисов, потврди шефицата на дипломатијата на Бугарија Екатерина Захариева. Таа најави дека ќе им предложи на двајцата премиери да биде свикана Меѓувладината комисија за спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство, која не се состанала речиси година и пол, иако во меѓувреме, како што посочи, се насобрале многу прашања.

Бугарската министерка за надворешни работи повторно ги повика македонските власти да го почитуваат и спроведат Договорот за добрососедство и да ги разгледаат бугарските забелешки.

– Имаме забелешки не само за историјата, туку и за напредокот на инфраструктурните проекти, како што е Коридорот 8. Секој што патува ја гледа состојбата со поврзаноста меѓу двете земји. Повеќе од година и пол чекаме на програмата за соработка од областа на културата и образованието, која ја испративме, но сè уште немаме одговор од нив. Само во областа на туризмот е постигнат напредок, но тоа беше пред пандемијата на коронавирусот. Но, овој напредок воопшто не е доволен, изјави Захариева пред днешниот Самит за Западен Балкан на Берлинскиот процес во Софија со кој ќе копретседаваат премиерите Борисов и Заев.

Шефицата на бугарската дипломатија кажа и дека Скопје не треба да се потпира на тоа дека некој ќе ја притисне Софија да замижи на неспроведувањето на Договорот за пријателство и добрососедство.

– Бугарија е исклучително категорична. Ние сакаме да видиме во преговарачката рамка дека Договорот ќе се спроведе, дека РС Макеоднија нема никакви претензии за малцинства. Има над 15.000 антибугарски публикации. Не можеме да ги воспитуваме поколенијата на омраза. Не можеме да бидеме сојузници во НАТО, а бугарските војници да се нарекуваат фашистички окупатори. Треба да се ​​вратиме на тонот на добрососедството и спроведувањето на Договорот, рече Захариева.

Според неа, неосновани се обвинувањата на македонскиот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров дека Бугарија го крши членот 2 од Договорот со блокирањето на Севрена Македонија за ЕУ.

– Ги повикувам подобро да го прочитаат членот 2 од Договорот и тој се почитува од страна на Бугарија. Во него се вели дека Бугарија ќе ја поддржи РС Македонија на евроатлантскиот пат, споделувајќи го своето искуство, но тоа не значи дека не можеме да имаме услови. Изјавата дека само Бугарија има барања кон  Македонија за исполнување на критериумите не е точна, вели Захариева. Сепак, и покрај недоразбирањата, таа го оцени како успешно заедничкото претседателство на Бугарија и РС Македонија со Берлинскиот процес.

– И покрај пандемијата, и промените во организацијата на сите настани што ги планиравме, имаме со што да се гордееме. Она што лидерите на Западен Балкан ќе го потпишат денеска – за зелен договор и заеднички пазар – е успех. На крајот, двајцата копретседавачи имаат со што да се пофалат, рече Захариева.

Денешната средба на Заев со  Борисов и заедничкото физичко претседавање со Самитот на Берлинскиот процес кој за другите уесници ќе се одвива онлајн, како што пренесуваат медиумите во Бугарија, стана можно откако бугарскиот премиер кој имаше  Ковид-19 добил негативен тест и потврда дека веќе нема корона вирус.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.