Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Захариева: Погрешно е Скопје да очекува дека по изборите ќе се решат несогласувањата – ќе биде полошо

0
By Нова ТВ on January 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарската министерка за надворешни работи смета дека како никогаш досега постои консензус во бугарскиот парламент по прашањето за односите со РСМ.

Позицијата на бугарскиот парламент во однос на темата за Северна Македонија е едно од чудата, бидејќи реткост е да бидеме толку едногласни за било што. И бугарското општество и бугарските партии имаат многу сличен став на оваа тема.

Ова за БТВ денеска го изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во утринската емисија, одговарајќи на прашањето како ги коментира изјавите од Скопје, дека се чека завршување на изборите во Бугарија за да се решат несогласувањата со Софија кои ги блокираат преговорите за членство во ЕУ.

Захариева е категорична дека тоа е апсолутно погрешно.

„Идејата дека нешто ќе се промени по изборите во нашата земја е погрешна. Наместо тоа, ако нешто се промени, тоа ќе биде на полошо“, нагласи Захариева.

Таа рече дека нема ништо тајно од состанокот со специјалниот пратеник на македонската влада за разговори со Бугарија, Владо Бучковски, додавајќи дека бугарската Влада останува отворена и се движи во рамки на Договорот.

„Еден од предусловите да се направи нешто и да се започне разумно да се работи за решавање на проблемите е да се намалат емоциите. Колку повеќе зборуваме без емоции, толку повеќе шанси имаме да ја завршиме работата“, додаде таа.

Според Захариева, проблемот за јазикот е една од заблудите што, како што вели PCM се обидува да ги наметне.

„Ние сакаме да ги надминеме стереотипите од минатото, да престанеме да образуваме и да основаме нација заснована на антибугарски став, да ставиме крај на говорот на омраза, да ставиме крај на образованието кое промовира омраза кон бугарскиот јазик. Ова е она што го сакаме, што според мене не е ништо комплицирано, но очигледно многу комплицирано според нив“, изјави Захариева за БТВ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.