Олимписки претставници во голем број на земји добиле на e-mail предупредување за терористичка закана за посетителите Сочи, соопшти Меѓународниот олимписки комитет во среда, но тоа не се гледа како веродостојна закана, јавува Си-Ен-Ен.
Наводното предупредување доаѓа во време на зголемена безбедност во Сочи и oткако Русија ги детектира осомничените милитанти во регионот, вклучувајќи ја и немирната република Дагестан.
Во е-mail- от се вели дека Унгарците се во опасност и се изложени на терористичка закана во Сочи- Жигмонд Наѓ, директор за меѓународни односи за Унгарија на Националниот олимписки комитет, изјави за Си- Ен-Ен.
Наѓ рече дека Олимпискиот комитет на Унгарија го споделил писмото со организаторите на Зимските олимписки игри во Сочи, како и со МОК.
Олимписки комитети на Италија и Германија, исто така, потврдиле и дека тие добиле ваков e-mail.