Севернокорејскиот лидер Кин Џонг-ун во новогодишната порака изјави дека на Корејскиот полуостров ќе му се случи нуклеарна катастрофа доколку тука повторно започне војна, предупредувајќи дека во тој случај ниту САД нема да бидат безбедни.
– Се соочуваме со опасна ситуација во која еден мал, случаен воен судир може да резултира со сеопшта војна, истакна Ким.
Лидерот на Северна Кореја додаде дека нема да моли за мир и вети дека ќе ја штити својата сиромашна, но нуклеарно вооружена земја со силни одбранбени мерки против непријателите.
Тој во новогодишната порака ја спомена и егзекуцијата на својот некогаш моќен чичко Џанг Сонг Тек, нарекувајќи го „ѓубре“, а неговото погубување „одлична акција“.