Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Закон за бранители, реакции од политичките партии

0
By Marija Todorovska on October 22, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 22, 2024 13:23

Политичката партија „Левица“ денеска поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието Африм Гаши за законот за бранители. Од ВМРО-ДПМНЕ додека не ја видат, нема да ја коментираат кривичната пријава, а од СДСМ велат дека не се откажуваат од носењето на овој закон и дека следните денови ќе ги обелоденат чекорите што ќе ги преземат.

Според „Левица“, претседателот на Собранието не ја исполнил својата деловничка обврска во врска со законот за бранители кој е заглавен во собраниска процедура.

– Законот за бранители е заглавен во собраниска процедура откако претседателот на матичната Комисија реши да не свикува седница односно реши да го блокира законот. Во ваква ситуација, кога претседател на Комисија решава да не свикува седница по одреден закон, должност и надлежност на претседателот на Собранието е да ја одблокира законската постапка односно согласно член 126 став 3 од Деловникот, претседателот на Собранието е тој кој треба да ја свика Комисијата и да назначи член кој ќе ја води седницата на таа Комисија. Претседателот на Собранието уште пред 10 дена на 16 септември во изјава за медиумите рече дека нема намера да го одблокира законот за бранители, дека нема намера да свика седница за законот за бранители и до денес таква седница не е свикана, изјави денеска пратеникот Сашко Јанчев од Левица.

Од СДСМ од чии редови е поднесено ова законско решение велат дека не се откажуваат од носењето на законот и најавуваат дека во следните денови ќе излезат со информација кои чекори ќе ги преземат.

– Вчера имавме координација на пратеничката група, разговаравме за идните чекори за законот за бранители. Во следните денови ќе излеземе во јавност со сето она што ќе ги преземеме во однос на овој закон. Не се откажуваме во однос на донесувањето на законот за бранители, изјави Јована Тренчевска на прес-конференција во Собранието.

Од ВМРО-ДПМНЕ додека не ја видат, нема да ја коментираат кривичната пријава на „Левица“.

Пратеникот Бојан Стојаноски денеска изјави дека во изминатиот период имало неколку случаи каде Левица ги повлекувала кривичните пријави и барала тоа да се реши на начин така што нивниот претседател ќе се види со оние кои директно ги тужеле.

За законот за бранители, Стојаноски рече дека направиле неколку чекори за да се одблокира носењето на ова законско решение.

– И покрај тоа што гласавме, го повикавме и претседателот да ја закаже Комисијата. Потоа се потпишавме пет пратеници и ја повикавме Илире Даути да ја свика Комисијата и оставивме две празни места да се потпишат Тренчевска и Битиќи, но тоа тие не го направија. Отидивме уште еден чекор понатаму и побаравме да поднесат интерпелација за Даути и најавивме дека ќе гласаме. Ниту тоа не го направија. Отворено прашувам дали можеби беше техничка грешка ставот на Богданка Кузеска каде што рече дека се отворени да дискутираат и во тоа законско решение поднесено од Славјанка Петровска да бидат инволвирани и ветераните на ОНА, праша Стојаноски.

Законот за бранители е поднесен од пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска од СДСМ и ја доби поддршката во Собранието да оди по скратена постапка. Откако претседателката на Комисијата за социјална политика, млади и демографија Илире Даути не го стави законот на дневен ред, претседателот на Собранието во неговото образложение посочи дека нема ингеренции да назначи друг член за да се одржи седницата затоа што Даути ја свикала седница согласно роковите.

– Деловникот во член 126 не вели дека „ако претседателот на комисијата одбива да стави конкретен закон“, туку „ако претседателот на комисијата не свика седница“. Со тоа што Илире Даути свика седница во рамки на роковите, не можам да свикам, Деловникот ми го одзема правото да интервенирам и да назначам друг пратеник да ја води седницата. Во овие четири месеци увидовме неколку недоречености како овој со Законот за бранители, како двојната функција на Талат Џафери, и уште неколку други прашања кои наскоро планирам да ги решиме преку комисијата за деловнички прашања – тие да одлучуваат и да носат заклучоци за следната измена на собранискиот Деловник, изјави Гаши на 16 септември во телевизиско гостување на Канал 5.

ВМРО-ДПМНЕ закон за бранители Левица реакции СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија реагира на запленувањето на нејзиниот танкер „Маринер“ – САД велат дека ги крешел санкциите

January 8, 2026

Косова прес: Артан Груби е виден во главниот град на Косово

January 8, 2026

Претставена првата батерија за автомобили – се полни за само 5 минути

January 8, 2026

Трамп на Truth Social: 41,3 отсто од албанските семејства во САД се приматели на американска социјална помош

January 4, 2026

Нилски коњи уби четворица мажи

January 4, 2026
ФОКУС
January 8, 2026

Париз: Франција ќе го спасува Гренланд од Трамп

ВЕСТИ January 8, 2026

Белата куќа вчера соопшти дека Трамп разговара за опции за стекнување на Гренланд, вклучително и…

Вашингтон: Трамп ги повлече САД од 66 меѓународни групи и организации

January 8, 2026

Минеаполис: Во анти миграциска акција брутално убиена мајка на три деца – избувнаа протести

January 8, 2026

Трамп: Се сомневам дека НАТО би бил тука за нас ако ни треба, но Америка секогаш ќе биде тука за НАТО

January 7, 2026
ТИКЕР

Русија реагира на запленувањето на нејзиниот танкер „Маринер“ – САД велат дека ги крешел санкциите

January 8, 2026

Косова прес: Артан Груби е виден во главниот град на Косово

January 8, 2026

Претставена првата батерија за автомобили – се полни за само 5 минути

January 8, 2026

Трамп на Truth Social: 41,3 отсто од албанските семејства во САД се приматели на американска социјална помош

January 4, 2026

Нилски коњи уби четворица мажи

January 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.