Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Закони има,органи нема-кадаверичната трансплантацијата уште во зародиш

0
By Менче Атанасова Точи on October 16, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Закони има, органи нема. Крајно време е здравствените власти да организираат и да се започне со трансплантација од починат донор, велат во Здружението Нефрон на Европскиот ден за дарување органи и ткива за трансплантација

Во моментот пресадувањата се одвиваат нормално за тие што имаат обезбедено бубрег од сроден, жив дарител.  Но, најголемиот проблем, велат во Нефрон, е недостатокот на расположливи органи за трансплантација поради што не се прават кадаверични трансплатации. 

„Главниот проблем е кадаверичната трансплантација, односно од починат донор. Сите предуслови се исполнети, се донесоа законските и подзаконските акти, имаме согласност од верските заедници и време е да се започне со голема национална кампања“, изјави за НОВА Душко Ѓорѓиев претседател на Здружението  Нефрон.

Душко Ѓорѓиев, претседател на Здружение „Нефрон“

Тие бараат и подобри услови во Центрите за трансплантација, нови лекови на позитивната листа за пациентите на дијализа и тие што имаат пресаден бубрег, како и бесплатна типизација. 

Од таму потенцираат дека на позитивната листа во последните 15 години нема ставено ниту еден нов лек, а застарените лекови прават повеќе штета на пациентите и тоа се одразува негативно не само на здравјето на луѓето, туку се зголемуваат и трошоците во здравството заради дополнително и продолжено лекување.  

Досега надлежните се правдаа дека нема Национален координатор, но сега и овој услов е исполнет откако на ова место е назначена Маја Мојсова, раководител на КАРИЛ.

Во Минстерството за здравство за НОВА потврдија дека се скенира состојбата и за други видови на трансплантација, не само на бубрег , за да се лоцира каде се е потребно и кои се можностите.

“Во моментов Националниот координатор за трансплантација и болничките координатори интензивно работат на скенирање на ситуацијата за кои видови на трансплантација може да се одвиваат во земјава. Главниот фокус е ставен на развивање на трансплантација од починат донор“, потврдија за НОВА од Министерството за здравство.

Дополнително, велат од таму, болничките координатори интензивно работат на правење регистри на пациентите за чекање на трансплантација. Софтверското решение е подготвено и кога ќе бидат спремни листите ќе има електронски регистар на пациенти кои чекаат за трансплантација.

Иако уште во април министерот Филипче најавуваше дека претставници од Интернационалната фондација Еуротрансплант, во текот на мај ќе дојдат во Македонија да дадат оценка дали земјава ги исполнува условите за влез во оваа мрежа, тоа очигледно не се случи.

Сепак, од Министерството за здравство велат дека новоназначениот Национален координатор за трансплантација Маја Мојсова остварила средба во Брисел со Евро-комесарот за здравство каде што било разговарано за можноста од остварување на договор за обука на медицинските тимови.

Во април годинава Владата донесе одлука на три приватни болници да им се доделат лиценци за трансплантација на органи со цел пациентите да не одат во странство да им се пресадат органи. Владата одлучи да се  доделат по три лиценци за пет органи: бубрези, бели дробови, срце, панкреас и крвотворни матични клетки.

Венко Филипче, министер за здравство

Во Министерството за здравство уверуваат тврдат дека со ова  трансплантацијата нема да стане привилегија на приватното здравство и дека Националната координативна група и болничките координатори работат на развивање на трансплантацијата во Македонија во јавното здравство.

„Целта со добивање лиценци на приватните здравствени установи за трансплантација е за развивање на можноста трансплантации кои не се вршат во Македонија и се праќаат пациентите во странство на лекување, да се вршат во приватните болници во државата кои имаат услови и капацитети за такви операции“, потенцираат од Министерството за здравство.

Тоа ќе значи дека пациентите нема да се праќаат во странство, а трансплантациите да можат да се изведуваат во приватните болници со помош на старански лекари. Ваква можност ќе имаат и странски пацинети но, само од жив донор.

Ваквата одлука на Владата наиде на сомнежи и во дел од медицинската фела кои изразија загриженост заради можни злоупотреби во приватните болници.

На тоа уште пред пред четири години предупреди и Меѓународното здружение за трансплантација како и Националниот коордирдинатор за трансплантација на Хрватска кои изразија загриженост во македонското Министерство за здравство, дека не е безбедно приватните болници да се вклучат во системот на трансплантација на органи и ткива и дека со тоа ќе се зголемат шансите за развој на нелегална трговија со органи.

Неофицијално и лекарите од Комисијата за трансплантација биле против идејата во системот на трансплантација да се вклучат приватните болници.

Од Министертвото за здравство ја исклучуваат оваа можнсот, а во Здужението Нефрон сметаат дека со почитување на законската регулатива, добра организација и ангажираност на Националниот коордитар нема да има можност од такво нешто.   

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.