Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Законите не важат во руралните средини- сметаат опозициските советници

0
By Томе Христов on November 11, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 11, 2014 14:46

Партиските игри во делот на именување на директорски места во помалите населени места не престануваат.

Ова е констатацијата на советничката група на СДСМ во општина Василево, по денешната седница на Советот. Тие побараа одговор на неколку прашања во делот на буџетот и именувањето на функцијата директор на детската градинка „ Прва радост“, но како што велат, мнозинството е во рацете на владејачката партија, па законите не важат.

На седницата беше присутна и новоименуваната директорка Даниела Трајковска, од која беше побарано да каже со какво работно искуство го стекнала местото директор, покрај функцијата советник која ја извршува во моментот.

„Во систематизацијата за извршување на функцијата директор која самите ја имаат наведено, стои дека е потребно четири години работно искуство по дипломирањето, што значи дека самите се побиваат, зошто новоименуваната директорка тоа искуство го нема ниту пак на денешната седница го кажа, вели Џоко Христов, советник од СДСМ.


новоименуваната в.д директортка Даниела Трајковска

Новоименуваната Трајковска истакна дека за функцијата в.д. директор за која е назначена не е потребно работно искуство во образованието и додаде дека таа до сега има стекнато работно искуство, но и дека нема потреба советниците да го знаат истото. Подетални изјави рече дека ќе даде утре, кога и официјално ќе биде пуштена во употреба градинката.

Градоначалникот на општина Василево, Ванчо Стојанов, изјави дека не постои никаков судир на интереси, зошто новоименуваната директорка на следната седница ќе си поднесе оставка од функцијата советник. А во делот на именување на позицијата, в.д. директор, како што истакна, ги исполнувала сите услови. Тој потенцираше дека според законот, четиригодишно искуство по дипломирањето е потребно за функцијата директор, но не и за функцијата в.д. директор. Стојанов додаде дека во тој дел е потребно да има завршено високо стручно образование.

Од опозициската советничка група, незадоволни од распределувањето на средствата во буџетот, изјавија дека се кратат средства во делот на капитални инвестиции, што според нив се потврдувал фактот дека во општина Василево не се работи ништо, а се зголемувале трошоците во делот на невладините организации кои и самите не ги знаеле.

„ Еве зошто преку текот на целата година како опозиција укажувавме дека општина Василево има нереален буџет. Денес од капитални приходи кратиме околу 9,5 милиони денари, со што се покажува дека во општината ништо не се гради и ништо не се работи.

Но, од друга страна имаме зголемени трошоци за патни и дневни расходи и трансферирано многу повеќе пари за невладини организации за кои не знаеме ниту кои се, ниту пак каков бенефит имаат граѓаните на Василево од истите“, вели Христов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.