Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Законот за абортус принуди жена да роди дете со аномалии

0
By Менче Атанасова Точи on September 28, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Поради законот за абортус кој го донесе Владата пред две години, самохраната мајка Васка беше принудена да донесе на свет дете со аномалии. На оваа жена не и било дозволено да абортира, била советувана да го роди бебето, а потоа да размисли дали ќе го даде на посвојување. Бебето кое сега има 11 месеци, е родено со малформација, односно со мал раст. Цели 10 дена во болницата оваа жена не знаела што да прави, на крајот одлучила да си го земе бебето дома. Таа не може да добие боледување иако има дете со попреченост, а лекарите се уште не поставиле дијагноза.

„ Не можам да се помирам со фактот дека некој толку лесно може да донесе одлука во мое име, а јас да немам право на глас, одлуки кои допираат длабоко во мојот приватен живот и мојата интима. Мислам на пратениците кои ги плаќаме, а кои си земаат за право да одлучуваат за нашиот живот како ќе се одвива“ изјави Васка, жената на која не и било дозволено да абортира.

Васка е само една од многуте жени кои се соочија со нехуманиот третман при барање на абортус. И како да тоа не беше доволно. Владината кампања против правото на избор за абортусот, не само што не запира, туку се започна со емутување на нови спотови на националната телевизија, каде се истакнуваат ставови на Мајка Тереза против абортусот. Невладината ХЕРА и сите 16 партнерски организации бараат да се сопре производството и емитувањето на ТВ спотовите против абортусот и да се почитуваат препораките на Комитетот за човекови права дадени во јули оваа година. Се бара Нов Закон за абортус кој нема да го ограничи правото на избор на жената, кој ќе биде согласно препораките на СЗО.

„Комитетот за човекови права уште во јули препорача да се избегнуваат кампањи со кои се стигматизираат жените кои го користат правото на абортус“, рече Бојан Јовановски Извршен директор на ХЕРА

„Во последниве неколку години, подемот на десничарските партии и националистичките и конзервативни идеологии во централна и источна Европа се одразува и врз законите кои го третираат прашањето за абортус, а стануваат порестриктивни“, изјави Марта Шостак, од АСТРА( Федерација на жени и семејно планирање)

За професорката од Правниот факултет Каролина Астеруд Ристова , сегашниот закон е монструозен и треба да се води политичка борба за да се стави во првите пет приоритетни права во државата.

„Проблемот е што на еден кукавички начин Владата се обидува на „мала врата“ да го ограничи ова право, навидум регулирајќи некои т.н. „ситни процедури“ кои наводно се во полза на заштита на здравјето на жената. Многу е тешко да се објасни колку е голема опасноста од носењето на овој закон“ изјави професорката Каролина Астеруд Ристова.

За Уставниот суд законот воопшто не беше спорен. Спротивно на мнозинството судии, судијката Наташа Габер Дамјановска, законот го оцени како дискриминаторски за жената, а државата според неа премногу се меша во семејните односи.

„Четири одредби на Уставот се во противречност со генералниот дух на законот и начинот на кој го регулира прекинот на бременоста. Сите оние процедури кои бремената жена мора да ги помине, во некои случаи директно, а во некои индиректно го лимитираат нејзиното право“, изјави судијката Наташа Габер Дамјановска.

Во 2009-та Владата донесе одлука да започне со кампања против абортусот. Пред 2-3 години низ Скопје се појавија шокантни плакати кои повикуваа дека абортусот е убиство. Никогаш не се дозна кој стои зад тоа.

Според ОН во светот годишно се прават 22 милиони небезбедни абортуси, од кои 47 000 завршуваат со смрт, велат од УНДП на Глобалниот ден за безбеден и легален абортус. Во Македонија овој ден се одбележа со национална конференција под мотото „Законските ограничувања –безбеден и легален абортус“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.