Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Законот за идниот статус на СЈО од утре во Собранието

0
By Нова ТВ on July 22, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 22, 2019 09:04

Новиот текст за законот за Јавно обвинителство, во кој Специјалното јавно обвинителство се интегрира во Јавното обвинителство за организиран криминал и копрупција, неделава, а мошне веројатно и утре ќе се најде пред пратениците во Собранието.

Дебата за новото СЈО стигна до законодавниот дом, откако претходно не успеа одржувањето на лидерската средба на која меѓу другото требаше да се расправа и за законот за ЈО.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски до последен момент,  минатиот петок, не го смени ставот дека нема да присустува на лидерската, освен како што велеше, доколку на неа не се разговара за предвремени парламетарни избори, по што премиерот Зоран Заев излезе на прес-конференција и го најави новиот чекор во обидот да се донесе овој закон кој е еден од условите земјата во октомври да добие зелено светло за почеток на преговорите.

Новиот текст на законот, како што посочи Заев минатата недела во себе ги вклучува голем дел од забелешките на опозицијата, а тој тогаш кажа дека за иден шеф на новото СЈО ја предлага обвинителката Вилма Русковска. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се согласи со интегрирањето на СЈО во јавнообвинителскиот систем, но не се согласува тоа да биде предводено од Русковска.

Новото СЈО ќе се преименува во ЈО за гонење организиран криминал и висока корупција со надлежност на цела теритоија на земјата и гаранции за самостојно дејстување, кое одговара на сегашната позиција, а сепак е во хиерархија и субординација на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Сите обвинители од СЈО можат да продолжат да работат во ова ново обвинителство. Нивниот мандат истекува на 15 септември, а тие имаат право на реизбор, ако сакаат да се кандидираат. Истото важи и за останатиот персонал, а архивата, опремата ќе бидат префрлени во новото обвинителство.

Заев истакна дека со ова решение ќе се обезбедат досегашната структура и ресурси на СЈО во нова форма и без каква било можност политичарите да одлучуваат за составот и раководството. Тие одлуки ќе ги носи Советот за јавни обвинители.

Во текстот на законот е вградена одредба дека првиот човек на ова јавно обвинителство ќе може да се разреши единствено со двотретинско мнозинство од вкупниот број членови на Советот на јавни обвинители.

Висината на средствата за работа на ЈО за гонење организиран криминал и висока корупција ќе се уредува на предлог буџет и финансиски план на шефот на оваа институција, кој потоа се доставува до јавниот обвинител на земјата и до Министерството за финансии, а Владата и Собранието нема да можат да го менуваат предложениот финансиски план и се должни да обезбедат финансиски средства за непречена работа.

– Откако Катица Јанева ја депонираше својата оставка и денеска го предлагаме овој текст, не гледаме избор од опозицијата да избегнува разговори и договори за ова прашање, освен ако нема намера и натаму да и нанесува штета на државата и да заштитува нечиј криминал, рече Заев.

Јавното обвинителство за гонење криминал и висока корупција ќе биде надлежно за најсложените форми организиран криминал и висока корупција, позната како корупција на белите јаки, велат од Министерството за правда.

Платата на шефот на ова Јавно обвинителство се утврдува на износ од пет отсто помала плата од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, а платата на јавните обвинители во ова обвинителство е во висина на плата на шеф на раководител на вишо јавно обвинителство.

Со законот, велат од правда, е зајакната и личната независност на јавните обвинители и предвидена е гаранција согласно која јавните обвинители од ова јавно обвинителство не може да бидат времено упатувани да вршат јавнообвинителска функција во други јавни обвинителства.

Со преодните одредби, предвидено е законот да отпочне да се применува на 15 септември.

Според Мицоски, предлог законот не е предлог за воспоставување на обвинителство кое ќе биде независно и кое ќе гони вистински криминал, туку намерата е воспоставување обвинителство што ќе биде по теркот на Заев и во функција на криминалниот октопод.

-Откако увиде премиерот дека ова постојно СЈО е компромитирано, пред сé, поради политичките влијанија кои тој и неговите луѓе ги вршат врз тоа обвинителство, дополнително притиснато од коруптивниот скандал во кој учествува првиот човек Јанева, тој практично го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да не се даде нов живот на тоа СЈО, туку да се формира ново обвинителство во рамки на постојното Јавно Обвинителство кое ќе се занимава со гонење на висока корупција и криминал. Но проблемот настанува кога Зоран Заев сака на сила да протурка решение кое би било ново СЈО затоа што тоа исто обвинителство би го воделе компромитирани кадри, па дури истите од ова постојното СЈО, со задача да му помогне на Заев да остане на власт, исто како што му помогна да дојде, рече Мицкоски вчера во интервју за Република.

Запрашан зошто Рускоска е неприфатлива за нов јавен обвинител на тој нов оддел, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочува дека таа е избор на Заев и персонификција на нестручно работење под политичка палка.

За министерката за правда, пак, Рената Дескоска, случајот „Рекет“ само го забрзало реализирањето на идејата да се интегрираат СЈО и ЈО.

Министерката Дескоска, викендов истакна дека идејата за интегрирање на СЈО во ЈО била ставена на маса од страна на Министерството, во преговорите со опозицијата за новиот закон за ЈО и вели оти очекува ВМРО-ДПМНЕ да го прифати законот предложен од Владата затоа што одделението за организиран криминал покажало дека може да се справи со случите на висока корупција.

Обвинителката Русковска, пак, вели дека не била консултирана за новиот закон за јавно обвинителство и била изненадена од објавата за него. Веројатно ќе има некои забелешки за законот кој се уште не го видела детално. – Сметам дека Вишото обвинителство треба да ги застапува предметите на новото обвинителство пред Апелацискиот суд, рече Русковска.

Според неа, новото обвинителство може да го отвори од почеток предметот „Империја“.

За законот е потребно двотретински мнозинство, а премиерот Заев минатата недела посочи дека се е оптимист оти тоа ќе се постигне. Уште напомена дека е потребно законот да се донесе летово, најдобро овој месец, прашањето не смее да се пролонгира со оглед на тоа што очекуваме датум за преговори.

Законот за Јавно обвинителство и решавање на статсусот на СЈО, заедно со засилената борба против корупцијата е и едно од барањата на ЕУ за почеток на преговори за членство

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.