Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Законот за јазици од понеделник повторно во Собранието

0
By Нова ТВ on November 10, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од понеделник Собранието го очекува интензивна агенда имајќи ги предвид продолжување на седниците за законот за јазиците, за носење на буџетот за 2018, за избор на нови членови на Владата и на јавен обвинител, седница за пратенички прашања и за редовното годишно обраќање на претседателот Ѓорге Иванов, како и за ратификација на Договорот со Бугарија.

На денешната средба со новинарите претседателот на Собранието Талат Џафери најави и измена на парламентарниот Деловник, што како што кажа, би значело и првични разговори во рамки на иницијативата „Жан Моне“. Џафери кажа дека работна група на претставници од пратеничките групи ќе го разгледува драфтот на измените во десетте денови кога за буџетот за 2018 ќе расправа Комисијата за финансирање и буџет. Би се менувале одредбите за конститутивната седница, бројот на пратеничките групи, процедурите за реплицирање и контрареплицирање и друго.

– Не би требало да се создаде слика дека ние сме подготвени да направиме нешто без опозицијата, но имајќи ја предвид комуникацијата која ја воспоставивме сметам дека се создадени услови за прецизирање на некои нешта кои би биле исто разбрани од сите, рече Џафери додавајќи дека е поминато времето кога политичките партии ќе се фокусираат само на теснопартиските одлуки.

Според него, во рамки на дијалогот од процесот „Жан Моне“ треба да се почне со полесни политички теми, како измените на Деловникот за работа на Собранието. Џафери вели дека претставниците на парламентарните партии се согласиле на разговори, но оти некои од нив требало да направат дополнителни консултаиции поради внатрепартиските случувања.

Во понеделник ќе продолжи расправата за законот за јазиците, а дебатата во текот на неделата би можело да биде прекината доколку во Собранието дојде предлог за нови членови на Владата. Потоа би започнала расправата за буџетот за 2018 година. Потоа според сегашните проекции би требало да се одржи седница за пратенички прашања, но и за ратификација на договорот со Бугарија.

 

закон за јазиците Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.