Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Законот за медиуми е готов, содржината непозната

0
By Сашка Цветковска on April 4, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 4, 2013 15:29

Законот за медиуми наскоро ќе го види светлото на денот. Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими на денешниот брифинг со новинари соопшти дека очекува следната недела Министерството за информатичко општество да отвори јавна расправа по однос на законот.

Извори на Нова во дипломатските кругови велат дека на Здружението на новинари му било понудено јавната расправа за законот да трае само десет дена, на што организацијата реагирала нервозно со оглед на краткото време кое престои за да се разгледа закон кој би требло да биде суштински за медиумите. Деновиве интензивно бараат поддршка од релеватните амбасади во земјава со намера да се продолжи времето за јавна расправа.

Од друга страна, вицепремиерот Бесими информира дека токму одржувањето на јавната расправа, покрај формирањето на независната комисија која треба да испита, меѓудругото, и како се случи новинарите да бидат исфрлени од Собранието на 24 Декември, ќе бидат неговите главни аргументи пред еврокомесарот за проширување Штефан Филе на престојната средба на 9 месецов, со кои ќе докажува дека земјава бележи напредок во полето на слобода на медиумите.

“Што ќе презентирате пред партнерот како аргумент дека има напредок по прашањето на слободата на медиуми?
-Тоа што се формира независната комисија како прво. Бидејќи тоа е еден од условите за да се врати дијалогот. Втора работа што ќе ја кажеме е дека ќе има јавна расправа за законот за медиуми, е сега тука може да има разлики, има уште дилеми дали тоа ќе биде суштински или формално”, одговори Бесими на прашањето на Нова.

ССНМ: ЗАКОНОТ Е НЕЛИГИТИМЕН

Претседателката на Независниот синдикат на новинари и медиумски работници Тамара Чаусидис, вели дека ги има чуено информациите околу предлогот расправата да трае десетина дена, иако никој не ги потврдува официјално. Ставот на синдикатот е дека законот е нелигитимен затоа што новинарите повеќе од една година не беа на никаков начин вклучени во подготовките на законот за медиуми, и покрај нивните инсистирања.

“Апсолутно нелигитимен! Бидејќи ние баравме да бидеме вклучени во подготовките и бевме одбиени! И затоа тој за нас, како синдикат и да е најдобар на свет е комплетно нелигитимен и ниедна јавна расправа нема да им донесе поени пред Брисел”, вели претседателката Тамара Чаусидис

На прашањето на Нова како планира да го претстави процесот на носење на законот како успешен пред комисијата ако се има во предвид дека новинарите се навредени поради комплетната исклученост од досегашните подготовки, Бесими одговори дека сфаќал дека ова не било идеална ситуација.

“Од вашите прашања гледам дека гледате со голема недоверба во однос на процесот. И немам јас тука илузии но, не сакам ни да ви дадам лажни ветувања за нешта кои ги немаме се уште докомплетирано. Не велам дека ситуацијата и идеална, но сакам да знаете дека сум искрен во намерите,” одговори Бесими.

За подготовките на нов закон за медиуми почна да се зборува уште пред година и половина, а беше проследен со многу контроверзи и пред се, шпекулации во јавноста во однос на тоа што ќе содржи текстот, со оглед на тоа дека на медиумите никогаш не им беа презентирани насоките. За експертскиот извештај нарачан од Европската комисија сега веќе поранешната вицепремиерка за евроинтеграции Теута Арифи уште минатата зима кажа дека е при крај и вети дека медиумите ќе бидат информирани за процесот, но тоа никогаш не се случи.

“Ние сме комплетно исклучени и изолирани од тие процеси. Никој го нема видено драфтот и законот, освен Владата и Европската комисија и таа нетранспарентност носи и амин од Европската комисија, а јас се плашам дека ова може да биде уште еден многу лош потег на комисијата во однос на асистенцијата во процесите на подобрување на состојбите во медиумите”, вели Тамара Чаусидис.

Здружението на новинари во дијалог со Владата работеше на носењето на законот со кој се декриминализираше клеветата. По настаните од 24 Декември кога новинарите беа исфрлени насила од Собранието, ЗНМ го напушти дијалогот со Владата. Уште пред да го напушти дијалогот, претседателот Насер Селмани во своите јавни настапи критикуваше дека иако клеветата се декриминализираше, тој не гледа искрена политичка волја кај Владата за да направи крупни чекори во интерес на слободното новинарство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 16, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

ВЕСТИ April 16, 2026

Под мотото дека молчењето е злочин кон сопственото достоинство, Синдикатот на културата на Република Македонија…

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026

Во сенката на иранската криза Русија континуирано ја напаѓа Украина

April 16, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.