На 16 јануари, на 82-та седница на Собранието на Република Македонија пратениците ќе расправаат за донесување на измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Законот за медиуми.
Владата на 30 декември ги прифатила измените и дополнувањата на законите и на 31 декември ги доставила до Собранието.
Самостојниот синдикат на новинарите, Македонскиот институт за мадиуми и Центарот за развој на медиуми и Фронтот за слободно изразување децидно соопштија дека се против законот за медиуми.
Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани во интервју за НОВА изјави дека за нападите кон него дека зад грб на медиумската заедница го договара Законот за медиуми со власта, тој е немоќен да и се спротивстави на Владата, која ќе го донесе Законот, за што вели- виновни се сите: не е само власта, туку и опозицијата, невладините, ЗНМ и самите новинари.




