Најмалку еден е убиен во заложничката криза во супермаркет во градот Треб во јужна Франција, во која сите заложници успеале да избегаат, јави АФП.
Во објектот останал само човекот кој го извршил нападот и еден полицаец, јавија локални медиуми цитирајќи го градоначалникот.
Првично беше објавено за осуммина заложници, кои ги држи маж кој тврди дека е припадник на Исламската држава.
Францускиот премиер Едуар Филип ја овкалификува ситуацијата како „сериозна“ и изјави дека сите знаци упатуваат на терористички акт. Кон градот се упатил и министерот за внатрешни работи Жерар Колон.
Претходно полицаец бил застрелан и ранет додека додека бил во патрола во Каркасон, на 15 минути оддалеченост од супермаркетот, но не се работи за сериозни повбреди. СПоред полицијата засега не е јасно дали инцидентите се поврзани, иако медиумските извештаи сугерираат на тоа.