Во очи денешната посета на германската канцеларка Ангела Меркел на градот Инголштад засега неидентификуван маж држи во заложништво неколку луѓе во градското собрание.
Заложникот досега не поставил никакви барања.
Портпаролот на полицијата Гентер Бег изјавил дека заложниците се на вториот кат и дека се во контакт со киднаперот. Германските медиуми пренесуваат дека меѓу заложниците е и градоначалникот на Инголштад, Сеп Мишелбег, но тоа полицијата не го потврди.
Киднаперот е наоружан и полицијата поради предострожност го евакуираше местото околу градското собрание.
Посетата на канцеларката Меркел е најавена за денеска, таа во Инголштад во 17 часот треба да одржи предизборен собир по повод изборите кои се закажни за 22 септември.