Авганистанските сили ја расчистија опсадата што вчера се случуваше во хотелот Интерконтинентал во Кабул.
По 13 часа судир со напаѓачите од хотелот, загинати се најмалку пет лица, меѓу кои и еден странец. Шестмина други се повредени за време на опсадата.
Тројца од жртвите се припадници на безбедносните сили.
Групата напаѓачи повеќе часови им се спротиставуваше на авганистанските безбедносни сили.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Наџиб Даниш изјави дека бројот на жртвите е помал од очекуваното, откако успешно биле евакуирани 153 луѓе, од кои 41 странец.
Нападот се случи само неколку денови откако Амбасадата на САД во Кабул предупреди на евентуални напади врз хотели во Кабул.
До сега никој не презеде одговорност за нападот.