Германската канцеларка Ангела Меркел ја одложи посетата на германскиот град Инголштад, каде требаше да учествува на предиборен собир, поради заложничката драма во градското собрание, јавуваат германските медиуми.
Демантирана е веста дека киднаперот бил пациент избеган од психијатриска болница.
Полицијата одбива да даде информации за мотивите на киднаперот, додека пак полициските експерти за кризни ситуации се обидуваат да и стават крај на заложничката драма.
>>Заложничка драма во германскиот град Инголштад
На новинарите им било кажано дека намерно полицијата не ги открива сите информации зашто постои можност киндаперот да ги чита нивните извештаи преку интернет.
Според досегашните информации се верува дека кинаперот држи во заложништво тројца луѓе – заменикот на градоначалникот, неговата секретарка и градскиот раководител на одделот за жалби.