Вардар експресно ја пополни празнината на левата крилна позиција по заминувањето на Тимур Дибиров и во своите редови го врати македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков кој во „црвено-црниот“ дрес настапуваше и пред шест сезони.

Манасков е четврто ново име во вардаровиот ростер во летниот преоден рок, откако на двократниот европски првак веќе му пристапија средниот бек Андреј Добрковиќ и пикерите Милан Лазаревски и Стефан Атанасовски.

Ракометарот со потекло од Велес се враќа во домашното првенство од унгарската екипа Веспрем со која не ја продолжи соработката. Претходно во кариерата настапуваше и за екипите на Борец Велес, Металург, Вецлар и Рајн Некар.