Заменикот министер за здравство, доктор Илир Хасани, преку својот фејсбук профил соопшти дека поднесува оставка од функцијата.
-Во вакви сериозни моменти за сите нас, давам оставка како највисок морален чин. Дури и покрај фактот дека немам никаква врска со постапките за модуларните болници, иако немам ништо друго со организацискиот дел, оставката е најмал чин што можам да го сторам во овој момент, да ги почитувам жртвите, повредените, мислењето и најчесто самите себе. Ништо над достоинството!, напиша Хасани.
Претходно, доктор Флорин Бесими, кој ја извршуваше функцијата директор на Клиничката болница во Тетово поднесе оставка.