Светски познатиот физичар Стивен Хокинг почина 76 годишна возраст. Британецот, познат по своето дело за црните дупки и релативитетот починал мирно во својот дом во Кембриџ утрово, соопшти неговото семејство.
Хокинг беше познат и како „чудо на природата“, бидејќи успеал да ги побие сите лекарски предвидувања дека ќе има кус живот, откако на 22 годишна возраст му бил дијагностициран редок вид болест на невролошкиот систем.
Поради болеста тој во инвалидска количка и не можеше да зборува, освен преку синтетизатор на глас.
Професорот Хокинг бил првиот што ја поставил теоријата за универзумот како збир на релативитетот и квантната механика.
Тој, исто така, откри дека од црните дупки излегува енергија и исчезнува во празно – феномен кој подоцна ќе биде наречен Хокинг зрачење.
Преку својата работа со математичар Сер Роџер Пенроус тој покажа дека општата теорија на релативноста на Ајнштајн имплицира дека просторот и времето би имале почеток во Биг Бенг, а крај во црните дупки.
Научникот стана толку популарен и надвор од академскиот свет, при што се појави во неколку телевизиски емисии, вклучувајќи ги и Симпсонови, Црвеното Џуџе и Теоријата за Биг Бенг.
Тој беше предизвик за многу ТВ емисии и филмови – во 2015 година актерот Еди Редмајн доби Оскар за улогата на Хокинг во филот „The Theory of Everything“, за што лично му честиташе и самиот Хокинг.
Факти
Роден е на 8 јануари 1942 година во Оксфорд, Англија.
Се запишал на Универзитетот во Оксфорд за да студира природни науки во 1959 година, а завршува со докторат на Кембриџ
Во 1963 година му била дијагностицирана болест на моториката на нервниот систем, при што прогнозите биле дека ќе живее уште најмногу две години,
Тој е познат по неговата теорија за црните дупки од “Хокинг зрачењето” од 1974 година.
Неговата книга „Кратка историја на времето“ објавена во 1988 година, е продадена во повеќе од 10 милиони примероци.
Во доцните 1990-ти, наводно, му била понудена титулата витез, за што 10 години подоцна тој открил дека ја одбил, во знак на револт поради тоа што британската Влада не одвојувала доволно средства од буџетот за науката.
Неговата животна приказна е тема на филмот „The Theory of Everything“ од 2014 година.
Remembering Stephen Hawking, a renowned physicist and ambassador of science. His theories unlocked a universe of possibilities that we & the world are exploring. May you keep flying like superman in microgravity, as you said to astronauts on @Space_Station in 2014 pic.twitter.com/FeR4fd2zZ5
— NASA (@NASA) March 14, 2018