Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заминувањето на младите скапо ќе ја чини Македонија

0
By Нова ТВ on May 18, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 18, 2013 14:30


Заминувањето на младите од земјава е уште еден показател дека македонската економија оди во погрешен правец. Државата не знае како да креира нови работни места, најголем вработувач е партијата на власт која дозволува инфлацијата на дипломи, а најголем извозен производ ни се младите луѓе, дециден е професотот Мирољуб Шукаров кој додава дека ова на долг рок скапо ќе ја чини земјава.

Потребни ни се вистински , а не реформи на хартија, додава Шукаров кој вели дека што поскоро се случат тие, повеќе млади луѓе ќе успееме да задржиме во земјава. Кога Мајда Јошевска се врати од своите постипломски студии по психологија на Кембриџ, се надеваше дека ќе успее да се снајде во земјата во која се чини дека соништата на младите тешко се исполнуваат. Вели, наместо врз основа на компетенции и знаење, работните места кај нас се добиваат на поинаков начин. Мајда засега е решена да остане во Македонија. Но , до кога, сеуште незнае, бидејќи надежта полека ја напушта. Нејзините колеги пак кои сеуште се во странство и имаат можност да видат како функционираат работите во развиениот свет, се загрижени за својата иднина во Македонија. Неизвесноста е големa, вели Бошко Станковски кој сега го работи својот докторат во Велика Британија.

Но се чини дека само желбата за враќање назад, нема да го спречи одливот на младите од земјава. Бројките се запрепастувачки. Според последните податоци од Еуростат, од 1998 до 2011 година, 230.000 граѓани официјално се иселиле од земјава,или повеќе од 10 отсто од вкупното население во Македонија. И овие бројки се многу поголеми, вели професорот Шукаров кој посочува дека многумина кои не се пријавени, со години живеат во странство.

Автор: Јасмина Јакимовска

Едни во потрага по парче леб, други со желба да направат нешто онаму каде што се цени вистинскиот квалитет, но сите со горчина во себе ја напуштаат Македонија. Малкумина се враќаат назад. Земјата се празни, а последиците, велат економистите, допрва ќе се почуствуваат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.