Во 14 градови во Србија е потврдено присуството на болеста Западен Нил информираат во Институтот за јавно здравје на Србија.
Од болеста Западен Нил во Србија досега се регистрирани 135 заболени од западно-нилската треска,а дури 97 од нив се од територијата на Белград покажуваат најновите податоци на Институтот.
Од заболените 103 добиле воспаление на мозокот, односно менингитис,како и енцефалитис.
Досега 18 луѓе починале од компликации на западно-нилската треска која ја пренесуваат тигрестите комарци.