Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Запишувањето семестар поскапо за студентите – ниту се известени ниту функционира она за кое што плаќаат поскапо

0
By Marija Todorovska on September 26, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 26, 2024 15:16

За 5.000 денари поскапа академската година

Студентите сметаат дека трошоците се преголеми, а не би требало тие да се оние кои ќе ги подмират.

Марија Тодоровска 

Новата академска година – нови поголеми трошоци за студентите. Дури за 5.000 денари поскапа академската година.  Низ уплатниците кои ги плаќаат студентите при секое запишување нов семестар се провлекоа две нови уплатници:  “Набавка на on-line ресурси за реализација на студиските програми“  и Набавка на материјални ресурси за реализација на студиските програми“.

Што точно значат овие уплатници и кои услуги ќе ги чинат студентите 5.000 денари за целата година?

Студентите претходно на студентски прашања носеа обрасци за упис и заверка на семестар (кои отприлика чинеа 50 или 100 денари од лист), оваа година тоа ќе можат да го направат преку системот iknow.

Студентите исто така ќе ја имаат и опцијата наместо во банка семестарот да го уплатат повторно преку iknow системот.

Ова е образложението за студентите зошто плаќаат поскапо оваа година.

„Процентуално покачувањата се доста големи, а не бевме ни соодветно предупредени за нив. Стигнаа две уплатници од по 2.500 ден а не ни знаеме за што ги плаќаме. Наведени се онлајн ресурси и материјални ресурси, а сепак носиме некаков документ на студентски прашања и сами си ги купуваме книгите за кои трошиме по 2000 денари минимум во семестар.“, изјави за Нова студентка од Правниот Факултет „Јустинијан Први“.

Според соопштението испратено на студентите од Правниот факултет тие сепак и покрај е-услугите ќе треба да однесат статистички лист, што “нормално”, и ова самите ќе си го купат од книжарница.

Друг студент од трета година за Нова споделува дека плаќањето на iknow системот не функционира.

„Да, плаќаме за дополнителни услуги, односно за обрасци за упис и заверка на семестар, бидејќи нема да купуваме обрасци, ќе се запишува и заверува онлајн, потоа трошоци за одржување/користење на центрите за правна клиничка едукација ( не знам досега дали сме плаќале), за набавка на on-line ресурси за реализација на студиските програми и за набавка на материјални ресурси за реализација на студиските програми. Но и покрај дополнителните услуги, ние треба да носиме документи на факултет, да се запишува семестар во индекс и најверојатно да се достават уплатници бидејќи некои студенти немаме опција да платиме електронски преку I know системот, а тоа ни беше првична информација дека ќе можеме да платиме електронски, но можеби има некој проблем со системот)“

Студентите исто така се жалат дека не биле навремено предупредени за новите трошоци, дознале преку соопштение еден ден пред да започне процесот на запишување семестар кој трае само една недела.

„За поскапувањата дознавме откако од Универзитетот ни испратија соопштение на електронската адреса во кое беше соопштено во кој период да завериме и запишеме семестар и беа наведени услугите за кои треба да платиме.“, вели студентка која запишува трета година студии.

Студентите сметаат дека трошоците се преголеми, а не би требало тие да се оние кои ќе ги подмират.

„Оваа учебна година трошоците се зголемени за околу 5500 денари (половина би требало да ги уплатиме во зимскиот семестар, а половина во летниот) најверојатно поради процесот на дигитализација на административните работи, но не би требало тие трошоци да ги подмируваат студентите“, вели студент од Правниот факултет.

Нашата редакција испрати прашања до Универзитетското студентско собрание, зошто собранието не ги извести навремено студентите, што точно значат називите на новите уплатници и за што ќе бидат наменети тие средства, дали планираат да преземат некаква акција со цел истите да се намалат?

Но, Универзитетското студентско собрание не одговори на нашите прашања.

Академската година 2024/25 започнува следната недела. Повеќето студенти веќе го имаат запишано семестарот со новите трошоци.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.